мини|десно|Писмо од грчката општина (кадрите на грчката пропаганда) во Под од 18 февруари 1904 г. во кое се потвдува нејзината посветеност на елинизмот Под (, Фламурија, до 1928 г. Πόδος, ПодосΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πόδος -- Φλαμουριά) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 520 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво од Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа 10 км југозападно од градот Воден, во североисточното подножје на планината Каракамен, на надморска височина од 315 м.
Историја Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, се вели дека во 1873 г. Пот (Pote) е село во Воденската Каза со 62 домаќинства и вкупно 300 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Под имал 350 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 148.
Целото население на Под било под врховенството на Цариградската патриjаршија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Под (Pod) имал 304 жители Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. Во истиот период, Милоевиќ го бележи како село со 55 македонски куќи.
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 161 жител. Во 1920 г. се заведени 275 жители. Дел од населението се иселило, а на негово место во 1924 г. грчките власти населиле 36 Грци-бегалци од Мала Азија. Во 1928 г. Под се води како село со 381 жител од мешан етнички карактер, од кои 13 биле доселенички семејства со вкупно 39 членови, но во кое сепак Македонците го сочинувале апсолутното мнозинство. Во 1928 г. селото е преименувано во Фламурија. Во 1940 г. се заведени 507 жители, од кои само 37 доселеници.
За време на Втората светска војна селото е окупирано од Бугарите и воспоставена е бугарска општинска власт.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
Селото пострадало во зимата 1947 г. кога грчките монархистички власти насилно го иселиле населението во Воден. Истата година е забележано дека доселениците се свеле на само 30 луѓе, а останатото население било македонско. По нормализацијата на состојбите, селото било обновено.
Население
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Под, во спаѓа и селото Ошљани.
Стопанство Главно занимање на жителите е овоштарството. Се произведуваат големи количества праски, јаболка, јагоди, арпаџик и други земјоделски производи. Делумно е развиено и сточарството.
Наводи
Категорија:Воден