Почеп (, Маргарита, до 1926 г. Πότσεφ, Поцеф или Πότσεπ, ПоцепΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πότσεφ -- Μαργαρίτα) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 136 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.
Географија и местоположба Селото се напоѓа околу 10 км северно од градот Воден, а околу 3 км западно од патот Воден - С’ботско. Лежи на подножјето на планината Ниџе, на надморска височина од 400 м.
Историја Во антиката Во близина на селото се наоѓаат остатоците од старомакедонската населба Маргарит, каде во XIX век се евидентирани рушевини и најдени монети.Думев, В. Из спомените на две учителки в Македония, Македонски преглед, година I, 1925, кн. 5 и 6, стр. 146-147. Денешното грчко име се води според ова наоѓалиште, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Осмалинско време Според месните преданија, по убиството на Али-паша Јанински селото било претворено во турски чифлик. Записите од втората половина на XIX век говорат за Почеп како чисто македонско село во Воденската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г., Почеп (Potcheppe) е село во Воденската Каза со 41 куќи и вкупно 246 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. в селото живееле 200 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. Во 1904 г. во Почеп е отворено бугарско училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Почеп (Potchep) имало 208 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. Во истиот период, Милоевиќ го регистрира селото со 30 македонски куќи.
Во 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците, кога на 24 октомври влегла војска која го окупирала селото и жестоко сто стапови ги тепала мештаните Трпче Попниколов, кметот Петре Чичов, Христо Божинов, Атанас Згудев, Петре Гоцев Карфиев, Jane Думов и Ѓорѓи Трпенов. Потоа, сите машки селани на возраст над 15 години се изведени вон селото и натерани да стојат на една нога цела ноќ (11 часа).Дебърски глас, година 2, брой 28, 7 ноември 1910, стр. 4.
Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. Почеп е припоен кон грчката држава, кога имал 148 жители. Во 1920 г. се забележани 177 жители. Дел од населението се иселило, а на негово место во 1924 г. грчките власти доселуваат 26 Грци-бегалци, со што селото добило мешан карактер. Во 1926 г. Почеп е преименуван во Маргарита, а во 1928 г. е претставено како село со 6 доселенички семејства, со вкупно 20 члена. Сепак, доселниците набргу го анпуштиле селото, и тоа останало чисто македонско.
Втора светска и Граѓанска војна За време на Втората светска војна селото било окупирано од Бугарите, кои воспоставиле бугарска општинска власт.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
Почеп на страдал и во Граѓанската војна, кога во зимата 1947 г. властите го иселиле населението во Воден. По нормализацијата на состојбата, селото било обновено. Порави нивното учество во војната, неколку семејства и поединци од селото морале да се преселат во Р. Македонија.
Население Денес населението на останува целосно македонско и непроменето.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Волкојанево и Самар.
Стопанство Главно занимање на населението се сточарството и земјоделството (главни производи се цреши и жито).
Наводи
Категорија:Воден