Курталан (, Ликодромио; до 1926 г. Κούρταλαν, Курталан) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 46 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа 12 км североисточно од Крстополе и 17 км северозападно од Скеча, во падините на Западните Родопи, непосредно до државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча), на надморска височина од 380 м.
Историја Во XIX век Курталан било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото селото броело 449 жители, кои во 1920 г. се свеле на 374 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 50 бегалски семејства (вкупно 182 бегалци) од Понд, така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Ликодромио (Λυκοδρόμιο).
Стопанство Населението произведува тутун и жито, а делумно се занимава и со сточарството.
Население
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Константин и Елена“
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина)