Чавдар (, Псомотопи; до 1926 г. Τσαβδάρ, Цавдар) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер и северно од Долна Џумаја. Лежи близу до источниот брег на Бутковското Езеро.

Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чавдар (Tchavdar) било село во Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак со 7 домаќинства на 25 жители Македонци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чавдар чифлик бил село во Серската Каза со 210 жители, сите Македонци.

Во Грција За време на Втората балканска војна во 1913 г. жителите се иселиле во Бугарија за да си ги спасат животите. На пописот истата година тоа се води како напуштено, а во 1920 г. во Чавдар е попишан само 1 жител. во Во 1924 г. грчката власт тука довела грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Псомотопи. На пописот од 1928 г. Чавдар е претставен како наполно дојденско село со 165 жители (39 семејства).

Население

Наводи

Категорија:Долна Џумаја