Тополјани ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Πεντάπολις — село во Општина Довишта во Серскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 10 километри источно од градот Сер и на 8 километри југозападно од Довишта, на надморска височина од 105 метри.
Историја Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската Каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 500 жители РомиМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 1080 ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1075 ГрциBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201., и функционирало грчко училиште.
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1436 жители, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1551 жител.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1930 година, селото било преименувано во Хрисо.
Демографија
Во 1928 година селото броело 242 жители, додека во 1940 година селото броело 3075 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 3329 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3455 жители, во 1971 година имало 2276 жители, во 1981 година имало 1923 жители, додека во 1991 година имало 1809 жители. Денеска, населението на селото е 1571 жител според пописот од 2011 година.
Знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од XIX век Црква „Живоносен Извор“
Наводи
Надворешни врски Аероснимки на селото Тополјани
Категорија:Довишта