Равна, Долна Равна или Рамна ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Ίσωμα — село во Серско, Егејска Македонија, денес во Општина Кукуш на Кукушкиот Округ, Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 30 километри источно од градот Кукуш. Според својата географска положба, селото припаѓа на Серскиот Округ. Селото се наоѓа на надморска височина од 639 метри.
Равна опфаќа површина од 53 квадратни километри.
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Равна се состоело од 120 семејства со 140 муслимани и 200 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 118-119. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Равна броела 320 Турци и 840 МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 180..
Населението во селото било разделено во поглед на влијанието на бугарската и грчката пропаганда. Во 1903-1904 година, меѓу Бугарската егзархија и Гркоманската црква имало спор околу користењето на локалната црква и училиштеИстория на българите в документи, Съставители Величко Георгиев и Стайко Трифонов, т. I, ч. II, София 1996, с. 176, 180.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 640 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 198-199., како и 384 македонски гркомани и работело грчко училиште.
Во текот на Втората балканска војна, во селото влегле бугарски војски, но селото било посетувано од грчки андарти кои им наложувале на месното население да не се потчинуваат на бугарската власт„Военно-исторически сборникъ“, книжка 39, февруари 1939, стр. 194. (В. Карамановъ, бившъ кукушки окрѫженъ управитель - „Страници изъ междусъюзническитѣ отношения въ близкитѣ околности на гр. Солунъ презъ Балканската война 1912/1913 г. Лѫгадинска околия“. Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Бугарија и Македонија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1081 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 359 жители. Големата разлика меѓу населението од двата пописа било поради тоа што селото настрадало во текот на Првата светска војна. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Исома.
Демографија
Во 1928 година селото имало 115 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 748 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 389 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 501 жител, во 1971 година имало 405 жители, во 1981 година имало 323 жители, додека во 1991 година имало 317 жители. Денеска, населението на селото е 333 жители според пописот од 2001 година.
Личности Родени во Равна
Велик Иванов (1888 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 277. Велик Матов (1883 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 432. Велин Петров (1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 556. Гоце Дивлев (1907 - 1939) Костадин Митов (1893 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 450. Костадин Стојанов (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 673. Крсто Сотиров (1889 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 621. Петре КапитанМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 106. Петар АтанасовМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 69. Стојан Атанасов (1893 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 679. Христо Стојанов (1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 756. Јане Димитров Мишов (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 468. Јанис Рамналис (1885 - 1923)
Починати во Равна Кимон Георгиев (1867 - 1907)
Наводи
Категорија:Кукуш