Shigurui (, македонски: Шигуруи = „Обземен од смртта“) — манга напишана и илустрирана од Такајуки Јамагучи. Првично била објавувана во списанието Champion Red од 2003 до 2006 г., а подоцна во Champion Red Ichigo од 2007 до 2010 г. Серијата е заснована на првото поглавје од романот Suruga-jō Gozen Jiai на Норио Нанџо. Во 2007 г. била прикажувана аниме-адаптација во производство на студиото Madhouse под насловот Shigurui: Death Frenzy.

Мангата и анимето се познати по нивното нагласено графичко насилство и сексуална содржина.

Содржина Приказната започнува во 1629 г. во префектурата Шизуока за време на владеењето на Токугава Таданага. Даимјото организира турнир каде учесниците се борат со вистински јапонски мечеви наместо со дрвени мечеви (бокен). Дејството се врти околу првиот меч помеѓу едноракиот мечувалец Геносуке Фуџики и слепиот самурај Сеиген Ирако.

Ликови

Стоичкиот најдобар ученик во доџото на Коган. Иако има само една рака, тој е исклучително верен на својот господар и се смета за најверојатен наследник на школата.

Сеиген Ирако (јап. 伊良子 清玄 Irako Seigen) Честољубив човек што се стреми да го подигне својот статус. За разлика од Геносуке, тој повеќе се грижи за богатството отколку за честа на школата. Иако е слеп и има тешка повреда на ногата, неговите вештини се смртоносни.

Гонзаемон Ушимата (јап. 牛股 権左衛門 Ushimata Gonzaemon) Мајстор на школата Коган-рју и постар колега на Геносуке. Тој е огромен човек што со леснотија ракува со огромен дрвен меч.

Коган Ивамото (јап. 岩本 虎眼 Iwamoto Kogan) Суровиот велемајстор на школата Коган-рју. Поголемиот дел од времето е во состојба на деменција, а на раката има деформитет (шести прст). Неговата техника „Нагаре боши“ („Ѕвезда што паѓа“) е страв и трепет за сите самураи.

Мие Ивамото (јап. 岩本 三重 Iwamoto Mie) Ќерката на Коган Ивамото. Иако е ветена на Сеиген Ирако, таа сака да биде со Геносуке. Нејзиниот татко ја гледа само како алатка за продолжување на лозата.

Леди Ику (јап. いく Iku'') Долготрпеливата наложница на Коган што живее под негова постојана контрола. Надвор од школата се соочува со стигма поради таинствените смртни случаи на мажите што биле во нејзино друштво во минатото.

Наводи

Надворешни врски Shigurui на Funimation

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2003 година