Ќор Али-бег () — османлиски политичар од турска народност и управник на Велешката Каза од 1830 година сѐ до неговата смрт во 1860 година. Тој бил син на Емин Ага.

Животопис Ќор Али-бег е роден во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Потекнувал од благородно турско семејство. Неговиот татко, Емин Ага, ја управувал Велешката Каза од крајот на XVIII век до неговата смрт во 1830 година. Околу почетокот на XIX век, тој соработувал со Рензовците за да му изградат конак покрај левиот брег на реката Вардар. Неговиот татко му дозволил на Силјан Рензов, прадедо на Андреја Дамјанов, да се пресели во Папрадиште за да ги избегне арнаутските банди во Тресонче. Подоцна Ќор Али им дозволил на останатите Мијаци од Велешко да се преселат во градот.

Ќор Али помогнал со економското напредување на градот Велес. Околу XIX век имал чифлик во Раковец. Починал во Велес, 1860 година.

Наводи

Категорија:Родени во непозната година Категорија:Починати во 1860 година Категорија:Политичари од Велес Категорија:Починати во Велес Категорија:Отомански политичари Категорија:Отомански Турци Категорија:Македонски Турци Категорија:Управници на Велешката Каза