Селижаровка () — река во северозападниот дел од европскиот дел на Руската Федерација и прва значајна притока на реката Волга, во која се влева во близина на градот Селизарово како лева притока. Тече низ териториите на Осташковскиот и Селижаровскиот Реон во северозападниот дел на Тверската Област.

Реката Селижаровка истекува од езерото Селигер од кое тече во југозападниот дел. Во горниот дел од нејзиниот тек, нејзиното корито е широко помеѓу 25 и 30 метри, има многу брзаци и се одликува со брз тек. Бреговите на реката се доста високи и покриени со густи шуми. Во долниот дел од нејзиниот тек, коритото се шири до 40 метри (приближно ширината на Волга на устието на Селижаровка), а течењето е многу помирно.

Вкупната должина на водотекот е 36 км, површината на сливното подрачје е 2.950 км², а просечниот проток на вода во зоната на сливот е околу 20 м³/с.

Најважни притоки се Тихвина (36 км) и Сизина (16 км), обете леви.

Поврзано Тверска Област Осташковски Реон Селижаровски Реон Волга Селигер

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Притоки на Волга Категорија:Тверска област Категорија:Реки во Русија Категорија:Статии со текст на руски