Слимнички Превој (, ) — висок превој на планината Грамошта, на границата помеѓу Нестрамско, Егејска Македонија и Деволско, Албанија.

Опис Превојот се наоѓа во северозападниот дел на Грамошта и ја поврзува долината на Слимничка Река (притока на Бистрица) во Егејска Македонија со долината на Шара (притока на Девол) во Албанија. На север е сртот Враца. Пред воспоставувањето на границата меѓу Албанија и Грција низ превојот минувал патот од Слимница за Николица.

Поврзано Враца (срт) Враца (превој) Грамошта Албанско-грчка граница

Наводи

Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Грамошта Категорија:Нестрам (општина) Категорија:Девол Категорија:Албанско-грчка граница