Горно Караџово или Големо Караџово (, Моноклисија; до 1926 г. Καρατζά Κιόι, Караѕа Ќој,, Караџаќој) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано во бројна полза на грчките доселеници.
Географија Селото се наоѓа во средиштето на Серското Поле, на левиот брег на Струма. Лежи 25 км западно од градот Сер и 1 км јужно од Ениќој.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Горно Караџово било македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Големо Караџа (Golémo-Karadja) било село со 56 домаќинства на 150 жители Македонци и 12 муслимани. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно Караџово живееле 480 души Македонци христијани.
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Караџово имало 480 Македонци егзархисти и во селото имало бугарско основно училиште. Во 1910 г. егзархискиот училиштен инспектор Константин Георгиев забележал дека во Горно Карадџово црквата и училуштето биле во еден ист двор, а учител бил К. Румчев со 42 ученици (30 машки и 12 женски).Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 143.
Егзархизмот во селото бил трн во окото на гркоманските андарти. На 25 октомври 1906 г. гркоманскиот капетан Димитар Гоголаков извршил масакр и палежи во селото, убивајќи 17 жители и ранувајќи 8. Истиот ден во околината на селото биле убиени десетина овчари во жесток напад со ладно оружје. Злосторството на андартите предизвикало реакции во некои европски престолнини.Μητρούσης ΓκογκολάκηςДаскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр.77. Истрагата на властите покажала дека во подготовката на нападот учествувале грчкиот конзул во Сер и митрополитот Хрисостом Драмски.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 312 жители. За време на Првата светска војна на 2 октомври 1916 г. близу селото се одиграла битка помеѓу бугарската и британската војска во која загинал истакнатиот бугарски поет Димчо Дебељанов. Во 1918 г., по повлекувањето на бугарската војска, грчката власт наметнала принудно иселување во Бугарија. Затоа, во 1920 г. во селото се попишани само 87 лица. Власта во Горно Караџово доселила грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Моноклисија. На пописот од 1928 г. Горно Караџово броело 427 жители, од кои 346 лица (79 семејства) биле грчки дојденци.
Во 1955 г. е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.
Личности Стојо Белдонев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г., роден во Горно или Долно Караџово
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Константин и Елена“ од 1955 г.
Наводи
Категорија:Сер (општина)