Ирина Валерјевна Шајхлисламова (; ; р. 6 јануари 1986 г.), попозната како Ирина Шејк — руска манекенка и глумица. Меѓународно признание стекнала кога се појавила како прва руска манекенка на насловната страница на Sports Illustrated во 2011 г. Во 2022 г., мрежното место Models.com ја вклучило на својот список на „Нови суперманекенки“.
Рани години Шејк е родена во Јеманжелинск (Чељабинска Област), СССР, во семејство на татко Русин со волго-татарско потекло, Валериј Шајхлисламов (Şəyxelislamov), рудар во рудник за јаглен, и мајка Русинка, Олга, наставничка по музичко во градинка. Изјавила дека својот изглед го наследила од татко ѝ и дека луѓето често ја мешаат со личност од Јужна Америка, велејќи: „Татко ми имаше темен тен бидејќи беше половина Татарин, а понекогаш Татарите можат да изгледаат како Бразилци. Светлите очи ги наследив од мајка ми“. Има една сестра, Татјана Петенкова. Таа е тетка на трите деца на Татјана, вклучувајќи ја и внуката што е именувана „Ирина“ по неа.
Шејк почнала да свири пијано на шестгодишна возраст. На девет години се запишала во музичко училиште каде што учела седум години, свирејќи пијано и пеејќи во хор, по желба на нејзината мајка. Нејзиниот татко починал од усложнувања од пневмонија кога имала 14 години, со што семејството останало без доволно пари, принудувајќи ја мајка ѝ да работи на две работи за да ги издржува.
По средното училиште, Шајк студирала маркетинг, но подоцна се одлучила да се запише во училиште за убавина заедно со нејзината постара сестра. Додека била таму, ја забележал човек од локална агенција за манекенки, кој бил воодушевен од нејзината убавина. Ја наговориле да учествува на изборот за убавина „Мис Чељабинск 2004“, на кој победила; таа изјавила дека овој избор бил далеку под стандардите за избори за убавина што се очекуваат во европските метрополи или во САД.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени на 6 јануари Категорија:Руски фотомодели