Зграда на хотел „Солун“, позната и само како Хотел „Солун ― зграда во која бил сместел поранешниот хотел „Солун“ во Куманово.
Историја Зградата била изградена на т.н. Нагорички сокак.
Градбата добила статус на споменик на културата со Решението бр. 18-117 од 28 јули 2020 година.
Во ноември 2019 година, Секторот за евроинтеграции од Општина Куманово изработил проект за обнова на градбата. Планот за реставрација на зградата бил во рамки на проектот „Заедничка историја и култура, мост преку границите“, финансиран од страна на ЕУ, по Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Изведбата на проектот била од вршена од страна на Општина Куманово, заедно со Општина Дупница од Бугарија. Проектот и проектната документација биле изработени од страна на студиото Кубика ДОО Куманово. Градежните зафати започнале во февруари 2021 година. Во август истата година, градежните зафати биле завршени. Наводи
Категорија:Згради и градби во Куманово Категорија:Хотели во Македонија