Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Дабниште.

Таа се наоѓа во самото село, сместена во Средното Маало. Денес, црквата се наоѓа во многу лоша состојба.

Историја

Подигната и живописана е во век година. Имала облик на еднокорабна градба. Од првобитната црква сочувани се остатоци од керамопластичните украси на источната и на јужната фасада.

Архитектура

Црквата има облик на еднокорабна градба.

Фрескоживопис

Целата црква е живописана. Од стариот живопис сочувани се неколку фрагменти. Дел од фрескоживописот е насликан и во век.

Од стариот живопис има сочувани фрагментарни остатоци со претставата на Мелисмос над цоклата. Лево и десно има по еден ангел облечени во бели драперии и полунаведнати кон Христа. Во втората зона е насликана Богородица, која со двете раце го гушка Христа, а покрај неа се претставени „Св. Кузман и Дамјан“ од зограф кој ги насликал во век. Северно од влезот во црквата е вградена античка плоча со претстава во релјеф на три човечки фигури.

На иконостасот има царски двери изработени во резба од непознат копаничар.

Галерија

Поврзано Дабниште Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Маренска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дабниште Дабниште