Јоаким (Јаким) Маленков (Маленко) (Охрид, XIX век – ?) — македонски просветен деец, преродбеник и свештеник од Охрид.
Животопис мини|Гробот на Наум Јакимов Маленков во дворот на „Пресв. Богородица Каменско“ Роден е во XIX век во градот Охрид, тогаш дел од Отоманското Царство, во маалото Месокастро. Произлегувал од големиот род Маленковци, а бил внук на Стефан Ѓурчев. Почнал да работи како помошен учител кај Гркот Киријак, а по неговото заминување тој го раководел охридското училиште (1868–1872), но накратко бил протеран поради осуда од грчкиот митрополит. Подоцна Маленков го прифатил свештенскиот чин.
На 3 април 1861 г. Јаким Маленков му напишал на Георги Раковски:
При избувнувањето на Руско-турската војна (1877–1878), отец Јаким, заедно со поранешниот претседател на охридската црковно-училишна општина, свештеникот Анастас Гаврилов, и уште единаесет други истакнати Охриѓани, бил уапсен и лежел неколку месеци по затворите во Охрид, Битола и Солун под обвинение дека служел на словенски јазик и дека во неговите црковни книги се споменувало името на рускиот цар.
Неговиот син Наум Маленков (1878–1964) исто така бил свештеник. Почива во дворот на црквата „Пресв. Богородица Каменско“.
Наводи
Категорија:Македонски учители Категорија:Македонски свештеници Категорија:Македонски преродбеници