Љубов на перница (француски: Le Repos du guerrier) — француски филм од 1962 година со Брижит Бардо во главната улога, а во режија на Роже Вадим. Филлмот е заснован по книгата „Скривницата на војникот“, напишана од Кристијан Рошфор.
Заплет Женевјев Ле Теј е финансиски независна млада жена од Париз, свршена со Пјер. Таа патува во Дижон за да го подигне своето наследство. По грешка влегува во погрешна хотелска соба, каде што го пронаоѓа Рено Сарти, сиромашен алкохоличар кој се обидел да се самоубие со предозирање со апчиња за спиење. Женевјев повикува помош и му го спасува животот.
Откако Рено се опоравува, Женевјев повторно го посетува во болницата и постепено се зближува со него. Рено ја заведува и ја убедува да го поведе со себе во Париз. Таму Женевјев се откажува од дотогашниот живот и ги прекинува односите со мајка си, пријателите и свршеникот Пјер, и покрај тоа што Рено се однесува кон неа грубо и понижувачки.
Нивната врска станува сè понестабилна поради алкохолизмот и неверствата на Рено. Кога тој доведува проститутка, Женевјев го напушта. Сепак, Рено повторно ѝ се враќа и ѝ предлага брак. И покрај сè, Женевјев го прифаќа неговиот предлог.
Екипи
Брижит Бардо како Женевјев Ле Теј Роберт Хосеин како Рено Сарти Џејмс Робертсон Џастис како Катов Маша Мерил како Рафаеле Ив Барсак како хотелски менаџсер Жаклин Порел како мајка на Женевиев Жан-Марк Бори како Пјер Кристијан Мелсен како полициски инспектор Мишел Серо како Варанж Роберт Далбан како полициски водник
Рецензии Филмот бил комерцијално разочарување во САД поради малку продадени влезници.
Списанието Варајети напишало дека филмот „не го постигнува целосно посакуваниот ефект“.
Наводи
Надворешни врски
Љубов на перница на Семрежна филмска база на податоци Љубов на перница на Тарнер Класик Мувис базата на податоци Категорија:Филмови од 1962 година Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Статии со краток опис Категорија:Француски филмови Категорија:Филмови со Брижит Бардо