мини| Цвет од Silene baccifera Обична гушавица (науч. Silene baccifera) е растителен вид од родот плускавец од семејството каранфили. Потекнува од Европа, но е широко распространет и во умерените региони на Азија и Северна Африка.

Опис Повеќегодишно растение, силно разгрането, високо 60-120 см, со куси и долги влакна. Стеблото е тенко, вертикално, или се искачува по други растенија и не е лепливо. Листовите се широко ланцетни, со куси дршки, со куси груби влакна, рапави. Цветовите се групирани во разгранети дихазиуми од мал број на цветови, и со листовидни брактеи. Чашката е ѕвонесто подуена, со нејасни жили. Венечните ливчиња се зеленикаво бели, јазиковидни, длабоко насечени. Прашниците се 10.

Во Македонија Во Македонија расте по влажни места, покрај реки, оризишта, канали, огради, грмушки и други станишта. Видот е познат за околината на СКопје, Таорска Клисура, Кочани, Оризари, Крива Паланка, а се посочува за Беласица, виден во 1921 година, и Банско во 1943 година.

Наводи

Категорија:Флора на Либан Категорија:Плускавец (растение) Категорија:Флора на Македонија