Пирана 3DD () — американски нискобуџетен комичен филм на ужасите во режија на Џон Гулагер, непосредно продолжение на филмот Пирана 3D (2010) на режисерот Александре Ажа. Главните улоги ги толкуваат Даниел Панабејкер, Мет Буш, Дејвид Кохнер, Крис Зилка, Катрина Боуден, Гари Бјуси, Кристофер Лојд и Дејвид Хаселхоф. По настаните на езерото Викторија, праисториското јато крволочни пирани пробива пат до новоотворениот воден парк. Филмот е петти по ред во целиот серијал и засега последен.
Производството започнало на 27 април 2011 г., а премиерата била закажана за 23 ноември 2011 г., но еден месец пред излегувањето датумот бил сменет.
Крајно, Пирана 3DD бил пуштен во Обединетото Кралство на 11 мај 2012 г. и во САД на 1 јуни 2012 г. од страна на компанијата Dimension Films. Филмот бил остро критикуван од критичарите, кои ги исмеале неговиот заплетот, ликовите, глумата, употребата на 3D-техниката и режијата. Филмот заработил 8,5 милиони долари ширум светот.
Слоганот на филмот гласи: Двапати посрашно. Двапати повеќе. Возрасна граница (оценка) на филмот: „R“.
Содржина По страшното крвопролевање кога езерото Виктория станало хранилиште за крволочни пирани, во близина е отворено ново место наречено „Големото мокро“ (англ. Big Wet). Воден парк во сопственост и под управување на Чет, чија поќерка Меди се вратила дома и воопшто не е задоволна од паркот и од она во што го претворил Чет. Меѓутоа, многу брзо станува очигледно дека пираните сѐ уште не завршиле со она што го започнале на езерото Викторија.
Улоги
| Даниела Панабејкер || Меди |- | Мет Буш || Бери |- | Дејвид Кохнер || Чет |- | Крис Зилка || Кајл |- | Катрина Боуден || Шелби |- | Гари Бјуси || Клејтон |- | Винг Рејмс || заменик-шериф Фалон |- | Кристофер Лојд || Карл Гудман |- | Дејвид Хаселхоф || самиот себеси |- | Адријан Мартинез || Големиот Дејв |- | Пол Шер || Ендру Канингем |- | Клу Гулагер || Мо |- | Жан-Лик Билодо || Џош |- | Ирина Воронина || Кики
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2012 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Американски 3D-филмови Категорија:Филмски продолженија