Не го поистоветувајте со клубот Струмица.

КК Струмица 2005 — распаднат македонски кошаркарски клуб од Струмица.

Историја

Клубот бил формиран во 1991 година под името Македонија '91. Се нарекувал и Поло Трејд. Во сезоната 2002/2003, во Лигата станале вицепрваци по поразот во финалето против Фершпед Работнички. По промената на раководството на тимот во 2005 година, кога дошло до промена на името, на чело на клубот застанал новиот претседател Панајотис Карапиперис кој довел во клубот значајни играчи од Грција и од земјава и клубот почнал да носи успеси. Така, во сезоната 2006/07 година станале шампиони против Фершпед Работнички во финалето, а истата сезона биле и финалисти во Купот на Македонија, каде биле поразени од страна на Вардар Осигурување. Во наредната сезона 2007/08 година, Струмица 2005 го освоила второто место во македонската лига каде била поразена од Фени Индустри со тесни 4-3 во победи, додека во купот повторно била поразена во финалето исто така од Фени Индустри.

Струмица 2005 по завршувањето на преодниот летен рок го откажала учеството во најквалитетна македонска кошаркарска лига како и новоформираната Балканска лига поради финансиска криза со кое згаснал уште еден кошаркарски клуб од Струмица по Неметали Огражден. Постигнувања Прва македонска кошаркарска лига(1): 2007 Суперкуп на Македонија(1): 2007

Поврзано Прва македонска кошаркарска лига Куп на Македонија Суперкуп на Македонија Македонска кошаркарска федерација Спорт во Струмица Кошарка во Македонија

Надворешни врски КК Струмица 2005 на официјалното мрежно место на КФМ

С Категорија:Спортски клубови од Струмица С Категорија:Појавено во 1991 година во Македонија Категорија:Престаноци во 2008 година во Македонија