Тагалски јазик, или само тагалог — австронезиски јазик, кој претежно се зборува на Филипините. Тагалскиот е мајчин јазик на една четвртина од населението на државата, а како втор јазик го зборува мнозинството население на Филипините. Стандардната форма на тагалскиот се нарекува филипински јазик, и тој е службен јазик на Филипините, покрај англискиот. Наречен е по неговите изворни носители, народот Тагали.
Тагалскиот е сроден со останатите филипински јазици, како што се на пример биколски, илоканоански, висајски, капампангански и пангасинански, но и со поодалечените формозански, индонезиски, малајски, хавајски, малагашки и маорски.
Писма Бајбајин
До 16 век, тагалскиот се пишувал со абугида писмо наречено бајбајин. Ова писмо било составено од симболи за 3 самогласки и 14 согласки. Како и останатите брахмански писма, и ова писмо споделувало сличности со сестринските писма, особено старокавиското писмо. Иако писмото имало висок степен на писменост меѓу народот, сепак тоа почнало постепено да биде заменувано од латиницата, особено по доаѓањето на Шпанците.
Современи писма До првата половина на 20 век, јазикот користел латиница, односно верзија на латиницаата која се засновала на шпанската азбука. Азбуката имала 32 букви: големи мали големи мали A a Ng ng B b Ñ ñ C c N͠g / Ñg n͠g / ñg Ch ch O o D d P p E e Q q F f R r G g Rr rr H h S s I i T t J j U u K k V v L l W w Ll ll X x M m Y y N n Z z
Кога се одлучило дека националниот јазик ќе биде тагалски, граматичарот Лопе Сантос вовел нова азбука која била составена од 20 букви:
големи мали големи мали A a N n B b Ng ng K k O o D d P p E e R r G g S s H h T t I i U u L l W w M m Y y
Во 1987 Министерството за образование, култура и спорт издало известување со кое се довеле нови промени во однос на азбуката, односно се проширила за да може да се примат соодветно нови позајмени англиски или шпански зборови:
големи мали големи мали A a Ñ ñ B b Ng ng C c O o D d P p E e Q q F f R r G g S s H h T t I i U u J j V v K k W w L l X x M m Y y N n Z z
Наводи
Поврзано Филипински јазик Филипини Австронезиски јазици
Надворешни врски
Тагалски речник Конугација на тагалски глаголи Книжевност на тагалски Архива за тагалскиот
Категорија:Централнофилипински јазици Категорија:Јазици на Филипините Категорија:Аглутинативни јазици