Родос (грчки: Ρόδος) — главен град на грчкиот остров Родос, и се наоѓа во југоисточниот дел на Егејското Море. Градот има околу 80.000 жители. Овој град е најпознат по Колосот од Родос, кој бил едно од седумте светски чуда. Тврдината на градот Родос, која била изградена од страна на рицарите болничари е еден од најдобро зачуваните градови во Европа. Од 1988 година е објавен за објект од светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Денеска, градот е една од најголемите туристички атракции на Балканот.

Извори

Поврзано Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО

Категорија:Светско наследство во Грција Категорија:Населени места во Грција Категорија:Градови во Грција Категорија:Родос Категорија:Утврдени населби