Романија ( ) — земја во Југоисточна Европа. Граничи со Украина и Молдавија на североисток, со Унгарија и Србија на запад и со Бугарија на југ (по должината на реката Дунав). Романија на исток има мал излез на Црно Море. Источните и јужните Карпати минуваат низ централниот дел на земјата. Главниот град на Романија е Букурешт.

Членка е на НАТО од 2004 година. На 25 април 2005, во Луксембург, Романија потпиша договорот за членство во Европската Унија. Полноправен член е од 1 јануари 2007, заедно со Бугарија.

Романија се смета за латински остров во океанот од Словени. Името на оваа земја потекнува од името на градот Рим (Рома), или од името на Источното Римско Царство.

Потекло на поимот мини|лево|Писмото на Њакшу од 1521 година, претставува најстариот зачуван документ напишан на романски јазик.

Името Романија доаѓа од романскиот збор роман (român) кој пак потекнува од латинскиот назив Romanus, и во превод значи „граѓанин на Рим“. Во 16 век италијанските хуманисти кои патувале во Трансилванија, Молдавија и Влашка нагласиле дека населението се нарекува „Романи“. Првиот документ напишан на романски јазик било писмото Њакшу каде за првпат во пишана форма се употребува зборот „романски“Ion Rotaru, Literatura română veche, "The Letter of Neacșu from Câmpulung" , București, 1981, pp. 62–65.

Двете правописни форми: роман и руман биле користени наизменично сè додека социолингвистичките случувања во доцниот 17 век довеле до семантичко диференцирање на двете форми. По укинувањето на крепосништвото во 1746 година, зборот rumân постепено испаднал од употреба и правописот се стабилизирал во форма на роман. Тудор Владимиреску, револуционерен водач на почетокот на 19 век, го употребил терминот Руманија кој термин се однесувал единствено за Кнежевство ВлашкаGoina, Călin. How the State Shaped the Nation: an Essay on the Making of the Romanian Nation in Regio – Minorities, Politics, Society..

Употребата на името Романија како термин кој се однесува на заедничката татковина на сите Романци за првпат било документирано во почетокот на 19 век. Името официјално се користи од 11 декември 1861 година.

Историја

Дакија

Територијата на денешна Романија низ раната историја била на неколкупати населувана од страна на најразлични племиња како Даките, Гетите и голем број на индоевропски племиња. Во 106 година Дакија била заземена од страна на римскиот цар Трајан. Според романските историчари, романскиот етнос настанал се мешањето на Даките и римските колонисти по долината на река Дунав. Романскиот етнос се создавал паралелно со влашкиот. Постојат мислења според кој романскиот народ настанал со мешање на еленизираните Траки и нивната романизација, Авари, Кумани, итн.

Трансилванија во текот на својата историја била „во срцето“ на Кралство Дакија (82 п.н.е.-106). Во 106 година била освоена од страна на Римјаните, а нејзините богатства целосно експлоатирани. Кога Римјаните се повлекле во 271 година, територијата била изложена на различни влијанија од различни племиња. Во следните години, оваа област била под контрола на дакиското племе Карпи, Визиготи, Хуни, Гепиди, Авари и Бугари. По романизацијата на овие простори, дакиските племиња и народи започнале да се предвижуваат кон југ. Така, главниот карактер на населението бил формиран со мешењето на Дакиските народи и Римјаните заедно со нивните култури. Сепак, денес историчарите водат сѐ уште дебати околу карактерот на областа пред таа да биде освоена од страна на Унгарците.

Среден век

Историјата на Романија во средниот век започнува со повлекувањето на Монголците, последното население што мигрирало поради напади и освојување на територијата на денешна Романија во 1241-1242 година. Трите територии кои денеска ја сочинуваат Романија (Влашка, Молдавија и Трансилванија) биле обединети во времето на Михаил Храбриот (1593-1601).

Во поголемиот дел од овој период, Банат, Кришана, Мармарош и Трансилванија - денес региони во Романија западно од Карпатите, биле дел од Кралство Унгарија. Тие биле поделени во неколку видови административни единици, како окрузи или места. На чело на секој регион се наоѓал кралски официјален претставник наречен војвода. Во кралството, романските селани, како православни, биле ослободени од десетокот, црковен данок што требало да го плаќаат сите римокатолички христијани. Сепак, романските благородници полека ја изгубиле способноста да учествуваат во политичкиот живот, бидејќи монарсите од 14 век воделе погрешна политика. Нивната позиција станала уште полоша по 1437 година, кога била формирана таканаречената Унија на три нации, сојуз на унгарските благородници, Секели и Саксонци, со цел да го уништат Трансилваниското востание.

мини|лево|150px|Басараб I Влашка, првата независна средновековна држава помеѓу Карпатите и долниот дел на Дунав била создадена кога Басараб I (1310-1352) ја прекинал сизаренството на унгарскиот крал со неговата победа во Битката кај Посада во 1330 година. Независноста на Молдавија, на исток од Карпатите, го постигнал Богдан I (1359-1365), благородник од Мармарош, кој го предводел револтот против поранешниот владетел кој бил назначен од унгарскиот монарх. Меѓутоа, независноста на двете кнежевства била ретко безбедна, а вазалството кон повеќе држави станало важен аспект на нивната дипломатија. Иако Влашка оддала почит на Отоманското Царство во 1417 година и Молдавија во 1456 година, нивните два средновековни монарси, Мирчо Стариот од Влашка (1386-1418) и Стефан III од Молдавија (1457-1504) спровеле успешни воени операции против Отоманските Турци. Трговијата на двете кнежевства со другите делови на Европа започнала да се намалува по последните децении на 15 век. Пред тоа, продажбата на кожи, жито, мед и восок на Светото Римско Царство, Венеција и Полска, како и увозот на свила, оружје и други произведени стоки од овие области, биле широко распространети, но до крајот на 16 век Отоманското Царство станало главен пазар за романските производи.

Трансилванија, заедно со соседните земји, добила статус на автономна држава под османлиски владетел откако централните територии на Кралство Унгарија биле припоени од страна на Османлиите во 1541 година. Падот на царството, исто така, им ја одзело власта Валашко и Молдавија на нивниот главен сојузник во борбата против Отоманското Царство. Во 1594 година, Михаил Храбриот се приклучил на анти-отоманската алијанса иницирана од папа Климент VIII. По серијата победи над Османлиите, тој се сврте кон Трансилванија и Молдавија, каде владееле про-полски и про-османлиски кнезови. Тој ја нападнал и окупирал Трансилванија во 1599 година и Молдавија во 1600 година. Иако сојузот на трите земји се распаднал четири месеци подоцна, тој служел како идеал за подоцнежните генерации кои работеле за обединување на териториите што сега ја формираат Романија.

Османлиско Царство

Стратешката положба на кнежевствата Молдавија и Влашка во долниот тек на реката Дунав и на планинскиот превез на Карпатите овозможувале големи предности при паѓањето им во склопот на Османлиското Царство. Бидејќи се наоѓале на север од Балканот, Влашка дури на почетокот од 15 век, а Молдавија на крајот од 15 век станале обврзници да ѝ плаќаат даноци на Османлиското Царство, а веќе на почетокот на 16 век биле анектирани. До средината на 19 век, службено писмо во Влашка било кириличното писмо. Во 1861 година била воведена латиницата.

Во првите години на 19 век, со Влашка и Молдавија сè уште владееле фанариотите, кои биле зависни од султанот а управувањето на дунавските кнежевства го гледале преку лично збогатување. Во 1816 година кнез на Влашка бил Александар Суцу кој во Букурешт пристигнал со повеќе од 800 луѓе, а во Молдавија кнез бил Михаил Суцу. Корупцијата, грабежите и интригите биле секојдневие во политичкиот живот на кнежевствата. Поради тоа фанариотите предизвикале незадоволство и омраза во сите слоеви на романското општество.

Во овој период селското стопанство било директно поврзано со феудалните болјари а монополот го спречувал развојот на земјата. Додека на султанот не му била испорачана бараната количина на храна или други стоки, никој немал право да тргува слободно. Од друга страна пак, во двете кнежевства имало доста несогласувања и меѓу болјарите и фанариотите. Во 1821 година постоеле три политички сили: фанариоти (грчко население испратено од султанот да управува со земјата), болјари (сакале локално управување под заштита на османлискиот султан или рускиот император) и селаните кои биле најмногу изложени на даноци, угнетување и слично.

Во ваква состојба на кнежевствата во 1821 година избувнало востание во Влашка на чело со Тудор Владимиреску, болјарин и учесник во Руско-турската војна (1806-1812). Кон востанието се вклучиле главно селското население а до март 1821 година, нивните сили изнесувале до 60,000 војници. Но кога започнал нападот кон Букурешт, селаните ги нападнале болјарските имоти по кое тие започнале да бегаат кон Трансилванија, а Владимиреску неуспешно се обидувал да воведе ред и своите борби да ги насочи единствено кон фанариотите.

Во април 1821 година неговите сили влегле во Букурешт. Во исто време од Молдавија се движеле силите на Ипсиланти (член на Филики етерија, тајна грчка организација за борба против Османлиите). Османлиските власти сакале од Владимиреску или да се воздржат од борби или да станат сојузници на османлиските сили против етеристите на Испиланти. Целиот хаос завршил со убиство на Владимиреску, распаѓање на неговата армија и разгром на етеристите. Османлиското Царство успеала да го задуши востанието а бил ставен и крај на фанариотското господарство во двете кнежевства. По крајот на востанието Русија започнала голем притисок за повлекување на османлиските сили во кое и успеала, а самите фанариоти биле исклучени од сите граѓански и црковни служби и биле заменети со романски. За нов кнез на Влашко бил избран Ѓорѓи Гика, а во Молдавија бил поставен Јон Струдза.

Независност

По крајот на Кримската војна, австрискиот режим станал омразен меѓу населението бидејќи бил потиснат материјалниот и политичкиот живот. Во мировните преговори меѓу Големите сили било одлучено замена на рускиот протекторат со колективен протекторат на земјите кои го потпишале договорот. Во исто време романските емигранти во Париз започнале се појасно да го поставуват прашањето за обединување на двете кнежевства. На едната страна застанале Австрија и Османлиското Царство заедно со Англија која била во добри трговски односи со Истанбул. Од друга страна била Франција која не сакала Русија да излезе во своите сфери на влијание на Балканот, Средоземјето и Мала Азија како и Русија која проценила дека едно соединување ќе доведе до слабеење на позициите на Османлиите. Најголема улога во обединувањето на двете дунавски кнежевства имале емигрантите во Западна Европа, посебно во Франција која не се спротивставувала на обединувањето.

По крајот на конгресот, австриските сили се повлекле од двете кнежевства а во 1857 година биле спроведени успешни избори за обединување на двете кнежевства. На конвенцијата од 7 август 1858 било изгласено да се зачуваат двете кнежевства како одделни но со право да основат заеднички управни органи. Во 1861 година Александар Јон Куза го објавил соединувањето на двете кнежевства иако тие сè уште биле вазални на Османлиското Царство. Во 1861 година во османлиската престолнина била свикана меѓународна конференција која го признала официјално соединувањето на двете кнежевства под името Романија и како вазална земја на Османлиите била до Берлинскиот конгрес.

Во текот на Балканските војни, Романија ја принудила на Бугарија да ја предаде Силистра. По ова, Романците навлегле длабоко кон внатрешноста на Бугарија. Романија излегла како победник и Бугарија била принудена да и ја отстапи Добруџа.

Прва светска војна thumb|left|Маршалот Жозеф Жофер ги проверува романските трупи, 1916 година