Историјата на Арсенал Фудбалски Клуб ги покрива третиот, четвртиот, и петтиот период на успеси во историјата на Арсенал, вклучително и три Двојни Круни, Двојна Круна во куповите и успех во европскиот фудбал.
По назначувањето на Берти Ми за менаџер во 1966, Арсенал го освоил Купот на Саемски Градови, нивниот прв европски трофеј, во сезоната 1969–70, и првата Двојна Круна со освојувањето на лигата и ФА Купот во сезоната 1970-71. Сепак, составот што ја освоил Двојната Круна набрзо била растурена и следната сезона била карактеризирана со многу речиси освоени трофеи - Арсенал бил поразен во три финалиња на ФА Купот (1971–72, 1977–78 и 1979–80) и поразот на пенали во финалето на Купот на Победниците на Куповите во сезоната 1979–80. Единствен успех на клубот во овој период била победата во финалето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед во сезоната 1978–79.
Враќањето на пранешниот играч Џорџ Греам како менаџер во 1986 довело до трет период на слава. Арсенал го освоил Лига Купот во сезоната 1986-87, две лигашки титули во 1988–89 и 1990–91, Двојната Круна со ФА и Лига Купот во сезоната 1992–93 и еден европски трофеј, Купот на Победниците на Куповите, во 1993-94. Сепак, репутацијата на Греам била оцрнета кога било откриено дека примал поткупи за потпишување на одредени играчи и бил отпуштен во 1995.
Петтиот период на успеси дојде по назначувањето на Арсен Венгер во 1996. Под негово водство, Арсенал ја освои својата втора Двојна Круна (Лигата и ФА Купот) во 1997–98 а потоа и третата во сезоната 2001–02. Клубот исто така го освои ФА Купот во сезоните 2002–03 и 2004–05, и ја освои титулата во Премиер Лигата во 2003–04 без ниту еден пораз. Во 2005–06 станаа првлондонски клуб кој стигнал до финалето на Лигата на Шампионите, но беа поразени со 2-1 од ФК Барселона. За време на следната сезона Арсенал се пресели од Хајбери на новиот Стадион Емирати во близината.
Првата Двојна Круна(1966–76)
По отпуштањето на Били Рајт летото 1966, Арсенал го назначил физиотерапевтот Берти Ми за негов наследник. Овој потег изненадил многу луѓе вклучително и Ми, кој побарал да може да се врати на своето работно место како клупски физио доколку после 12 месеци клубот не е задоволен од неговата работа. Со Дејв Секстон како помошник, Ми имал попрофесионален пристап кон клубот и се залагал за таленти развиени во Академијата; Младинскиот тим на Арсенал го освоил Младинскиот ФА Куп во сезоната 1966, а талентираните напаѓачи како Чарли Џорџ, Џон Радфорд, Питер Симпсон и Реј Кенеди беа унапредени во првиот тим.
Ми го надополнил напаѓачкиот состав со неколку поискусни играчи, капитенот Френк Меклинток ја организирал одбраната од својата положба во средината на теренот додека цврстиот Петар Стори ја пополнил улогата играч од дефанзивен среден ред. На почетокот овој тим многу ветувал, стигнувајќи до две последователни финалиња на Лига Купот во 1968 и 1969 година. Во двата случаи Арсенал останал со празни раце. Во првото финале клубот изгубил од Лидз Јунајтед кој бил под водство на Дон Реви во натпревар со многу малку шанси на двете страни, единствениот гол бил дело на Тери Купер.
Второто финале бил катастрофален пораз од 3-1 против Свиндон Таун тим кој во тоа време играл во Третата Дивизија. Осум играчи на Арсенал имале грип, што довело до оддолжување на претходниот натпревар во лигата, и тимот одвај се изборил за продолженија благодарејќи на голманска грешка која Боби Гулд ја искористил. Во продолжњнијата Дон Роџерс постигнал два гола додека Арсенал се борел да дојде до победничкиот гол. Сепак таа сезона не била целосна пропаст, клубот завршил на четврто место со што добил излез во Европа за сезоната 1969-70.
Ова се покажало како благослов, бидејќи Арсенал го освоил својот прв трофеј после 17 години, истовремено и прв трофеј во европско натпреварување. Во сезоната 1969-70 Арсенал во Купот на Саемски Градови го победиле Ајакс со вкупен резултат 3-1 во полуфиналето, а потоа во финалето против Андерлехт го извеле славниот пресврт, кога во првиот натпревар Арсенал губеле со 3-0, во 74 минута на стадионот Емил Версе, но голот на гости постигнат при крајот на натпреварот од Рај Кенеди му дал на клубот мала надеж; на вториот натпревар пред полниот Хајбери, предводени од капитенот Френк Меклинток, тимот победил 3-0 со головите на Џон Радфорд, Еди Кели и Џон Самелс, за победа со вкупен резултат 4-3.
Таа сезона клубот завршил на 12 место во лигата, можеби поради европските натпревари, но биле далеку од титула. Но затоа веќе следната сезона 1970-71, Арсенал станал втор клуб кој ја освоил Двојната Круна освојувјќи ги Лигата и ФА Купот. Тоа била првата Двојна Круна за тимот. По одличниот старт на сезоната, се добил впечаток дека Арсенал се излезени од трката за титулата по поразот од 5-0 против Стоук Сити во септември. Сепак тимот се опоравил и по серија од одлични резултати (не изгубиле ни еден натпревар до јануари), и на крајот од сезоната дошло до тесна трка меѓу нив и Лидз Јунајтед.
По поразот од 1-0 од Лидз во април, Арсенал морал да победи со 1-0 кај Тотенхем за да ја освои титулата со подобра гол разлика. Со голот на Реј Кенеди во 87 минута, клубот ја освоил титулата на Вајт Харт Лејн стадионот на неговиот најголем соперник. Во меѓувреме Тимот стигнал и дофиналето на ФА Купот, по тешкото полуфинале во кое Арсенал се вратил во игра откако губрл 2-0, на повторениот натпревар тимот остварил победа. Во финалето, пет дена по победата кај Тотенхем, Арсенал го победил Ливерпул со 2-1 на Вембли; Арсенал прв примил гол во продолжението, но израмнил со голот на Еди Кели во 101 минута.Џорџ Греам тврдел дека тој го постигнал тој гол, н Кели е запишан како официјалниот стрелец. Reference: Десет минути подоцна Чарли Џорџ го постигнал победничкиот гол од врвот на шеснаесетникот со што Арсенал го освоил Купот и Двојната Круна.
По Двојната Круна, тимот имал неколку добри шанси за титула, но сепак до титула не дошло. И покрај купувањето на Алан Бол, најмладиот член на англиската репрезентација на Светското Првенство во 1966 година, за £220000 фунти, клупски рекорд во тоа време Арсенал лошо ја започнал сезоната 1971-72 со три порази по ред во август. Клубот бил приморан да го брка водачот до крајот на сезоната, која ја завршил на петто место. Неговата прва сезона во Европскиот Куп почнала охрабрувачки но бил исфрлен во четвртфиналето од страна на Ајакс кој бил предводен од одличниот Јохан Кројф. Ајакс го освоила Европскиот Куп таа сезона, негова трета последователна титула во Европа. Арсенал стигнал и до финалето на ФА Купот во 1972 втора година по ред, во реприза од финалето на Лига Купот од 1968 и поразот од Лидз со 1-0 во досаден натпревар со малку шанси.
Клубот ја завршил сезоната 1972-73 во лигата на второ место, но во рок од една година тимот кој ја освоил Двојната Круна, а Берти Ми не можел да состави нов тим. Формата на Арсенал рапидно опаднала и завршил на 16 во сезоната 1974-75 и 17 во 1975-76, најнизок пласман во последните четириесетина години, после ваквиот неуспех Ми дал отказ. Менаџерот на Тотенхем Тери Нил, поранешен играч на Арсенал, бил назначен наместо него, иако со Тотенхем не постигнал ништо повеќе од средината на табелата. Тери Нил бил најмладиот менаџер во историјата на Арсенал.
Измешаните резултати на Нил и Хоу
Под водство на Нил, тимот се вратил во горната половина на табелата, предводени од ирската суперѕвезда Лиам Брејди. Брејди бил само дел од големиот ирски контингент на Хајбери, вклучително и Пет Рајс, Френк Стејплтон, Пет Џенингс и младиот Дејвид О‘Лири. На овие играчи им се придружиле и искусните Малком Макдоналд и Алан Хадсон. Дон Хоу кој бил на тренерскиот список во времето кога Арсенал ја освоил Двојната Круна, бил назначен за асистент менаџер.
Иако, во тоа време не можел да се врати во трка за титулата, поради доминацијата на Ливерпул, кон крајот на декадата успеал во ФА Купот. Арсенал стигнале до три финалиња во ФА Купот во 1978, 1979 и 1980, но освоил само едно во 1979 против Манчестер Јунајтед. Брјди бил главен инспиратор на играта на Арсенал кој дошол до водство од 2-0 со головите на Брајан Талбот и Френк Стејплтон и изгледал како сигурен победник; на пет минути до крајот Јунајтед постигнале два брзи голови. Кога сите се подготвувале за продолженија Алан Сандерленд го постигнал победничкиот гол по нафрлувањето од Греам Риксво последните минути од судиското продолжение со што му овозможил на Арсенал победа со 3-2 (познатото „Пет минутно финале“).
Следната сезона, 1979-80, била сурова за Арсенал кој изиграл рекордни 70 натпревари и стигнал до финалето на два купови, но сезоната ја завршиле со празни раце. Во финалето на ФА Купот Арсенал бил фаворит против Вест Хем Јунајтед (кој во тоа време играл во Втората Дивизија), но изгубил со 1-0 со голот со глава на Тревор Брукинг. Во меѓувреме тимот стигнал и до финалето на Купот на Победниците на Куповите против Валенсија, откако во полуфиналето го совладале Јувентус со голот на Пол Весен; финалето завршило без голови и Арсенал загубил на пенали, откако Брејди и Рикс не погодиле од белата точка.
Лиам Брејди си заминал за Јувентус во летото 1980, и тимот повторно западнал во „сушен“ период. Тимот продолжил да завршува меѓу првите четири во почетокот на осумдесеттите, но нитуеднаш не се бореле за титулата, и имале лоши настапи во ФА Купот; најдоброто издание им било во сезоната 1982-83, кога стигнале до полуфиналето на двата домашни купови но биле исфрлени од двете од страна на Манчестер Јунајтед.
Нил, на моменти, имал тешкотии да го контролира својот тим. За време на неговото управување имал проблеми со многу од играчите (вклучително и Хадсон и Макдоналд) и не можел да го контролира нивното пиење.Најдобар пример за неговите проблеми е турнејата на Арсенал во 1977 низ Австралија. Нил ги испратил Хадсон и Макдоналд дома на половина од турнејата поради прекршување на одреденото време за легнување. Reference: Другите играчи купени од него како Чарли Николас немале импресивни настапи, и Нил бил отпуштен во декември 1983 откако имал слаб старт на сезоната 1983-84, вклучително и шокантниот пораз во Лига Купот од страна на третолигашот Валсал.
Асистентот на Нил, Дон Хоу го наследил но и тој имал тешкотии и неуспеал да освои ниеден трофеј. Иако Арсенал завршиле на шесто и седмо со Хоу на чело, но не успеал да се бори за титулата, и биле исфрлени од ФА Купот од страна на третолигашот Јорк Сити во 1984-85. Навивачите почнале да се разочаруваат од лошите резултати и посетеноста почнала да опаѓа под 20000. Во март 1986, откако чул дека клубот му пристапил на тренерот на ФК Барселона, Тери Венеблс за да го наследи, Хоу дал отказ.
Ерата на Џорџ Греам Летото 1986 менаџерот на Милвол и поранешен играч на Арсенал Џорџ Греам, бил назначен за долгорочна замена на Хоу. Со ова назначување започнала нова ера на успеси на Хајбери. Греам го исчистил тимот од старите и ги заменил со нови играчи, донесени од други клубови и унапредени од младинскиот состав. Тој исто така вовел и построга дисциплина како во соблекувалната така и на теренот. Ова веднаш донело добри резултати, и Арсенал се нашол на врвот на табелата во декември 1986, што претставувало прво искачување на во последните десет години. Пригоден начин да се прослави стогодишнината од основањето на клубот.
Иако Арсенал завршил на четврто место во првата сезона под раководство на Греам, сепак го освоил Лига Купот. Во полуфиналето клубот играл против Тотенхем, по поразот од 1-0 на Хајбери во првата рунда, и примениот гол во првото полувреме на Вајт Харт Лејн, Арсенал се вратил со погодоците на Вив Андерсон и Ниал Квин за вкупен резултат 2-2 со што се избориле за повторен натпревар;Правилото за гол на гости сѐ уште не било воведено во Лига Купот; доколку било Арсенал ќе остварел победа уште таа вечер. во повторениот натпревар Хотспур повел со 1-0, но головите на Ијан Алисон и Дејвид Рокасл кон крајот му ја донеле победата на Арсенал. Финалето против Ливерпул имало сличен изглед; Ливерпул повеле со голот на Ијан Раш, а двата погодоци на Чарли Николас му го донеле на клубот првиот триумф во Лига Купот.