1254 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1254 година од новата ера, 254. од вториот милениум, 54. од XIII век и петта од 1250-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6762 и 6763 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6004 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5014 и 5015 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2007.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1254 година се протега во 3890 и 3891, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3950 и 3951 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1797. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 651 и 652 исламска година.
Настани По место Азија Кралот Луј IX, откако ги исцрпил своите средства и бил потребен во својата земја, ја напушта Седмата крстоносна војна, и се враќа во Франција. Завршен е класичниот јапонски текст Kokin Chomonjo. Монголските сили го уништуваат Кралството Дали, во денешен Јунан. Монголските сили поробуваат 200.000 Корејци.
Европа мини|Портрет на Едвард во Вестминстерската капела Северна Европа 12 јуни - Градот Алкмар добива градски права во Холандија 1 ноември - Едвард Плантагенет (идниниот Едвард I, на возраст од 15 години) се оженил со Елеонора Кастилска (на возраст од 13 години) во Бургос. Неговиот татко Хенри III побарал брак, во замена за ставање на крај на војната со нејзиниот брат Алфонсо Х Кастилски. Папа Инокентиј IV ги екскомуницира Конрад IV и Рудолф I. Данскиот град Копенхаген ја добива својата градска повелба. Штаерска е заземена од Унгарија. Основан е шведскиот град Малме. За првпат се споменува градот Остштајнбек. За првпат се споменува градот Грефенхајнихен. За првпат се споменува градот Еберсвалде. Ополе добива градски права.
Јужна Европа 2 декември - Манфред Сицилиски ја победува армијата на Папа Инокентиј IV во Фоџа. Кралот Луј IX ги протерува сите Евреи од Франција. Кралот Афонсо III Португалски ја одржува првата седница на парламентот (составен од благородници, членови на средната класа и претставници од сите општини), во Леирија. Коњите на Свети Марко, што требало да ја украсуваат Арката на Трајан во Рим, биле поставени во базиликата во Венеција. Битка кај Адријанопол: Византија ја победува Бугарија. Теодор II Ласкарис станува цар на Никејското Царство. За првпат се споменува градот Остштајнбек.
Религија 12 декември - Папа Александар IV го наследува Папа Инокентиј IV, како 181-ви папа. Започнува изградбата на Катедралата Свети Мартин во Утрехт.
Родени 13 мај - Марија Брабантска, кралица на Франција (п. 1322) 24 јуни - Флорис V Холандски (п. 1296) 15 септември - Марко Поло, италијански истражувач (п. 1324) непозната дата Џао Менгфу, кинески научник, сликар и калиграф (п. 1322) Беатриса Кастилска Монфератска (п. 1286)
Починале 28 март - Вилијам де Ферерс, 5-ти Ерл од Дерби (р. 1193) 21 мај - Конрад IV (р.1228) 3 ноември - Јован III Дукас Ватац, византиски цар (р. 1193) 7 декември - Папа Инокентиј IV непозната дата - Силвестер де Евердон, англиски бискуп Кристина Нилсдотер, шведски благородник
Наводи
Надворешни врски
51254