ФК Караорман — македонски фудбалски клуб од Струга. Клубот настапува во Третата фудбалска лига - Југозапад. Своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Градска Плажа, кој има капацитет од 500 гледачи. Клупска боја е црвената.
Историја ФК Караорман бил формиран во 1923 година, под името „Црн Дрим“, од напредната струшка младина. Меѓу еден од основачите на ФК Караорман бил и познатиот македонски сликар, Вангел Коџоман. По Втората светска војна, клубот го добил денешното име Караорман. Во својата историја, клубот една сезона има настапувано во Првата фудбалска лига. Потоа се натпреварувал во Втората фудбалска лига, освен мал период кога бил член на Третата фудбалска лига. Поддржувачи Навивачката група на Караорман се нарекува „Паткари“.
Надворешни врски Инфо за клубот на MacedonianFootball Фудбалска федерација на Македонија
Категорија:Појавено во 1923 година во Македонија