South Park, во превод Јужен Парк, или позната како Саут Парк — американска анимирана серија која се емитува од 1997 година, а нејзини автори се Треј Паркер и Мет Стоун. Серијата се заснова на авантурите на четири момчиња—Стен Марш, Кајл Брофловски, Ерик Картман, и Кени МекКормик—и нивните познаници во гратчето Саут Парк во сојузната американска држава Колорадо. Таа се карактеризира со надреализам, пародирање, сатира и црн хумор кои како теми ја имаат американската култура, табу-темите и разни актуелни општествени и политички случувања. Хуморот и пораките на серијата честопати се предмет на остри критики на разни општествени групи.
Серијата во почетокот е изработувана рачно, со стоп-моушн анимација, а подоцна е воведена компјутерската техника. Епизодите во просек имаат должина од околу 22 минути. До 2009 година снимани се 12 сезони, моментално се емитира 13-тата сезона, а се планирани уште најмалку три. Така Саут Парк стана најдолгата американска анимирана серија, по Симпсонови.
Во Република Македонија оваа серија се емитува на А2 телевизија.
Историја на серијата мини|right|Саут Парк: поголем, подолг и несечен, (1999 г.) Саут Парк (во превод „Јужен парк“) започнал во 1992 година кога Треј паркер и Мет Стоун, тогашни студенти по филмска уметност на универзитетот во Колорадо создале краток анимиран филм наречен „Духот на божиќ“ (The Spirit of Christmas). Грубо направениот филм прикажувал прототипски верзии на ликовите од подоцнежниот Саут Парк, вклучувајќи лик кој наликувал на Картман кој е наречен „Кени“ и неименуван лик кој наликувал на Кајл.
Во 1995, член на извршниот одбор на ТВ-куќата FOX, Брајан Грејден, го видел филмот и побарал од Паркер и Стоун да направат нов филм кој ќе им го праќа на пријателите како божиќна честитка. Новиот филм прикажувал боречки двобој помеѓу Дедо Мраз и Исус, а бргу се проширил преку интернетот и станал хит. Популарноста на нивниот краток цртан филм ги довела Паркер и Стоун до преговори за создавање на серија, прво со FOX, а подоцна со Comedy Central каде серијата е за првпат емитирана на 13 октомври 1997 година.
Провокативната содржина на цртаниот филм за возрасни набргу предизвикал бројни протести од страна на разни организации кои го сметале за навредлив; производи со ликовите од Саут Парк наскоро почнале да се забрануваат во училишта и на други јавни места. Но серијата сепак стекна прилично голема популарност.
Во 1999 година направен е и долгометражен филм, Саут Парк: поголем, подолг и несечен (англ. South Park: Bigger, Longer & Uncut), кој е добро примен од публиката и критичари. Во филмот е приличен број песни што е пофалено како придонес одумиран мјузикл, а една песна, Blame Canada, е номинирана и за Оскар. Се смета дека помеѓу сите останати песни во филмот таа е избрана зашто е најпристојна, но сепак Фил Колинс го дибил Оскарот за песната You'll be in my Heart од анимираниот филм Тарзан. Во една подоцнежена епизода бројни шали се направени на негов рачун. Филмот исто така влегол во Гинисовата книга на рекорди како анимираниот филм со најголема количина непристојнисти (399).
Во септември 2005, Comedy Central потпиша договор со Паркер и Стоун за уште три сезони на серијата во следните три години. Паркер и Стоун ќе продолжат да пишуваат, режираат и уредуваат секоја епизода од серијата и ќе дојдат до бројката од вкупно 223 епизоди во петнаесеттата сезона.
Музика
Паркер вика дека употребата на музика во Саут Парк е скоро најважна. Некои ликови често пејат песни за да имаат ефект врз некоја група, да исмејуваат некои песни, да ги образоваат, мотивираат гледачите. Освен тоа што Шеф пеејќи, со цел да им објасни нешто на децата,тој исто така пее за друго поврзано со епизодата. Овие песни што ги пее Шеф се компонирани и напишани од Треј Паркер, а испеани од Ајзак Хејс во истиот стил како што ги правеше песните во неговата кариера, R&B. Бендот ДВДА, кој е составен од Мет и Треј, Bruce Howell и D.A. Young, понекогаш ги прави песните, а после смртта на Isaac, ДВДА ги изведува скоро сите композиции.
Чести теми
Авторите на Саут Парк имаат либертаријански политички ставови. Либерални американски политичари и други јавни личности честопати се предмет на исмевање во серијата, иако притоа се изложени и некој конзервативци и нивните идеи. Комбинацијата на политичките ставови на Саут Парк е многу невообичаена, на пример исмевање теоријата за глобално затоплување (карактеристично за конзервативни американски политичари) и во истото време прилично позитивни ставови за хомосексуалноста и критикување на хомофобија (карактеристика на либерали). За неможноста на едноставна одредба на политиката, измислен е терминот „Саут Парк-републиканци“ со кој се опишуваат помлади поколенија чии политички ставови се слични со оние од серијата. Мет Стоун е член на Републиканската партија, а Треј Паркер на Либертаријанската.
Религијата е многу честа тема; авторите исмеваат бројни аспекти мормонизам, ислам, јудаизам, фундаменталистично Христијанство, католицизам и саентологија. Бог во серијата е прикажан како неугледна мешавина од различни животни и тврди дека е будист. Исус е лик кој живее во Саут Парк и води свој сопствен ток-шоу, а во една епизода умира да го спаси Дедо Мраз; Ѓаволот исто така се појавил неколкупати, а прикажан е како хомосексуалец кој не е така лоша личност и само настојува да ја обавува својата работа. Односот кон религијата предизвика големо неодобрување меѓу католици и саентолози. Но иако верски нелогичности се често исмевани, атеисти и антирелигиозни луѓе се исто така прикажани во лошо светло, како претерано арогантни.
Во неколку епизоди се најде на мета еколошкиот активизам. Критикувано е слабото стварно познавање на проблематики меѓу луѓе кои се сметаат за еколошки свесни, како и нивното однесување. Освен тоа, чести теми се злоупотребени деца, хомосексуализам и општествената заостанатост на мали средини.
Главни ликови Главните ликови се петмина основно-школски момчиња:
Стенли „Стен“ Марш (англ. Stanley "Stan" Marsh) e, заедно со неговиот најдобар пријател Кајл, водачот на групата и најверојатно најрационалниот член. Стен е прилично чесно, зрело и добронамерно момче кое често изнесува морална порака на крајот од епизодата. Деталите од неговиот живот се совпаѓаат со оние на Треј Паркер па многумина го сметаат за негово алтер-его. Кајл Брофловски (англ. Kyle Broflovski) е Евреин, иако не посебно религиозен; прикажан како интелигентен, скептичен, понекогаш невротичен, но општо разумен и веројатно најморалниот член на групата. Во многу лоши односи е со Картман кој често го задева заради неговото потекло. Мет Стоун изјави дека Кајл го потсетува на себеси во деновите на детството. Ерик Теодор Картмен (англ. Eric Theodore Cartman) е најпроблематичниот член на групата, често во судир со Стен и Кајл. Прикажан како расипан, лицемерен, алчен егоистичен, манипулативен, непристоен, агресивен, а покрај тоа и антисемит, расист и сексист. Дел од неговите недостатоци можеби произлегуваат од фактот дека нема татко, па е разгален од неговата мајка која е хермафродит, наркоманка и проститутка, а тајно и порно-глумица. Картман е сепак многу паметен, со неверојатни способности за раководење и бизнис. Заснован е врз ликот на Арчи Бункер, протагонистот на некогаш популарната американска серија „Сите во семејството“ (All in the Family) . Кенет „Кени“ МекКормик (англ. Kenneth "Kenny" McCormick) е сиромашно момче, секогаш во портокалов скафандер кој му го скрива лицето и му го прави говорот неразбирлив. Неговите пријатели сепак го разбираат и често од него бараат појаснувања на некои зборови кои не ги разбираат, најчесто вулгарности. Во првите пет сезони Кени умираше во секоја епизода, за повторно да се врати во следната. Во шестата сезона воопшто не се појави, а беше заменет со ликот на Батерс, а потоа е вратен и сега веќе ретко умира. Леополд „Батерс“ Сточ (англ. Leopold "Butters" Stotch) е најважниот лик надвор од групата на четворицата пријатели, а во шестата сезона беше замена за Кени. Тој е наивен, лесно манипулиран, вечна жртва, често несреќен, но истовремено и неверојатно оптимистичен. Родителите го казнуваат за ситници, а пријателите го задеваат. Фрустрациите Батерс ги изразува преку неговото алтер-его, Професор Хаос, пореметен негативец кој се обидува да го уништи светот. Пример за ликот на Батерс е Ерик Стоу, директорот на анимацијата на Саут Парк.
Гласовна глумечка екипа
Паркер и Стоун се одговорни за гласовите на повеќето машките ликови во Саут Парк. Мери Кеј Бергмен пак е одговорна за гласовите на поголемиот дел од женските ликови сè до нејзиното самоубиство на 11 ноември 1999 година. Бергмен ја наследуваат Мона Маршал и Елиза Шнидер која го напушта шоуто по седмата сезона (2003). Таа е заменета од страна на Ејприл Стјуарт и заедно со Маршал продолжуваат да бидат задолжени за повеќето женски ликови. Бергмен првично е наведена во списокот на учесници во серијата под псевдонимот Шенон Касиди за да се заштити нејзината репутација на гласот кој стои зад неколку Дизни и други детско-пријателски ликови. Стјуард за нејзините заслуги во серијалот е запишана под името Грејси Лазар, додека Шнидер понекогаш е запишана под псевдонимот на нејзината изведба на рок-опери, Блу Грл (Сина девојка).
Другите гласовни глумци и членовите на персоналот на продукцијата на Саут Парк се задолжени за гласовите на споредните ликови во одреден број на епизоди додека неколку членови на персоналот ги изговараат гласовите на периодичните ликови ; управната продуцентка Џенифер Хауел е одговорна за гласот на ученичката Бебе Стјуардс, ко-продуцентот и сценарискиот уметник Адријан Бијард е задолжен за гласот на единствениот црн ученик во училиштето, Токен Блек, сценарискиот советник Вернон Четмен е одговорен за антропоморфната крпа по име Тауели (Пешкирче), и продукцискиот раководител Џон Хенсен за г-дин Слејв (г-дин Роб), поранешниот геј љубовник на г-дин Герисон. За време на емитувањето на серијалот, гласовите на помалите и ликовите од детската градинка се обезбедени од повеќе деца на продукцискиот персонал на шоуто. Во текот на процесот на добивање на детските гласови, гласовните глумци зборуваат во рамките на нивниот гласовен распон додавајќи детска модулација. Снименото аудио потоа е корегирано со помош на професионални алатки, и теренот е изменет со цел гласот да звучи повеќе на глас на четвртооделенец.
Исак Хејс е задолжен за гласот на Готвачот, црнец кој работи во училишната кантина и пее соул песни, еден од ретките возрасни ликови кои ја имаат целосната доверба на момчињата. Хејс, избран во потесниот круг на идеални кандидати на Паркер и Стоун, кој ги вклучува и Лу Ролс и Бери Вајт, се согласува да го позајми гласот за овој лик. Хејс, кој живее и води радио програма во Њујорк, за време на неговото учество во Саут Парк, го снима неговиот дијалог на дигитална аудио лента додека претставителниот режисер на епизодата му дава инструкции преку телефон, потоа лентата се испраќа во продукциското студио на шоуто во Калифорнија. Откако Хејс го напушта шоуто на почетокот на 2006 година, ликот на Готвачот се отстранува во премиерната епизода од 10-та сезона "Враќањето на Готвачот".
Филм
Во 1999 година, помалку од две години по првото појавување на серијата, излегува долгометражен филм. Филмот, музичка комедија, го режира Паркер, кој го пишува сценариото заедно со Стоун и Пем Брејди. Филмот генерално е добро прифатен од страна на критичарите и заработува 83,1 милиони американски долари на домашните и странските благајни. Филмот ги сатиризира околностите на самото шоу и си заработува свое место во изданието од 2001 година на Гинисовата книга на рекорди за "најголем број на пцовки во анимиран филм". Песната "Обвини ја Канада" од саундтракот на филмот на соавторите им носи номинација за Оскар за најдобра музика, оригинална песна.
Кратки анимирани филмови