Кијану Чарлс Ривс (; роден на 2 септември 1964) — канадски глумец. Тој е најдобро познат по улогата на Нео во акционата трилогија, Матрица и како Тед Логан во Одличната авантура на Бил и Тед и Лажното патување на Бил и Тед.

Други позабележителни улоги е онаа на Скот Фавор во драмата Мојот личен Ајдахо заедно со глумецот Ривер Феникс; како Џони Мнемоник во научнофанатастичниот филм Џони Мнемоник заедно со Долф Лундгрен; како Кевин Ломакс во натприродниот трилер Адвокатот на ѓаволот наспроти Ал Пачино; и улоги во филмовите Брзина и Константин. Тој е и музичар и има свирено во гранџ-рок групата Dogstar за време на 90-те, а од неодамна и во групата Беки. Според анкета од 2006, тој е вклучен меѓу „Десетте најомилени американски ѕвезди“. На 31 јануари 2005, Ривс доби ѕвезда на Булеварот на славните.

Наводи

Надворешни врски

Кијану Ривс - filmski.net Обожаватели на Кијану Ривс Обожавателска страница на Кијану Ривс

Категорија:Канадски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1964 година