thumb|200px|Унгарци во Скореновац, Војводина играат чардаш thumb|200px|Унгарци во Дорослово, Војводина играат чардаш Чардаш (унг. Csárdás) е традиционален унгарски народен танц. Настанал во Унгарија, а бил популаризиран од циганските оркестри во Унгарија, а и во соседна Војводина, Словачка, Словенија , Хрватска, Карпатска Рутенија, Трансилванија и Моравија, како и меѓу банатските Бугари, меѓу кои и оние од самата Бугарија. Историја

Танцот води потекло од унгарскиот вербункош од XVIII век, кој се користел при регрутирање на војници за во унгарската војска.

Чардашот се одликува со варијабилен темпо: почнува бавно (лашу), а завршува во многу брзо темпо (фриш). Постојат и други темпови варијации наречени ритка чардаш, шуру чардаш и шекош чардаш. Музиката е во 2/4 или 4/4 такт. Танцувачите се машки и женски, со тоа што жените се облечени во традиционални широки црвени здолништа, кои се при вртењето на танчерките се шират на специфичен начин.

Чардашот е присутен како тема и во класичната музика, особено кај композиторите: Имре Калман, Франц Лист, Јоханес Брамс, Јохан Штраус, Пабло де Сарасате, Петар Илич Чајковски и други. Веројатно најпознатиот чардаш е епонимната композиција на Виторио Монти за виолина и пијано. Ова виртуозно дело има 5 темпови варијации.

Поврзано Марк Рожавелѓи Виторио Монти Монти Чардаш

Библиографија Sárosi, Bálint, Zigeunermusik (Циганска музика), 1977

Наводи

Надворешни врски Чардаш во изведба на Најџел Кенеди

Категорија:Унгарска музика Категорија:Унгарски танци Категорија:Европски народни танци Категорија:Унгаризми