Фризиските јазици се јазично семејство од групата на западногермански јазици. Овие јазици ги зборува фризиската етничка група која живее покрај Северното Море во Данска, Холандија и Германија. Вкупниот број на луѓе кои зборуваат фризиски јазици изнесува околу 500.000. Говорот на овие јазици бил најблизок со староанглискиот јазик.
Во групата постојат три посебни наречја кои се заемно неразбирливи. Затоа тие не се сметаат за дијалекти, туку за варијанти или посебни јазици. Тие се:
западнофризиски јазик затерландски фризиски јазик (источнофризиски) севернофризиски јазик
Сите тие водат потекло од старофризискиот, кој бил многу сличен на староанглискиот (англосаксонски) јазик.
Поврзано Фризија Фризи Германски јазици
Наводи
Надворешни врски Фризиски јазични ресурси на Омниглот Tresoar
Категорија:Јазици во Германија Категорија:Јазици во Холандија