Тимоти „Тим“ Волтер Бартон (роден ) — американски филмски режисер, филмски продуцент, писател и глумец. Тој е познат по мрачните филмови со ексцентрични тематики како што се: Битлџус, Едвард Сизорхендс, Кошмарот пред Божиќ, Заспаната долина, Мртвата невеста и Свини Тод: Демонот бербер од Флит улицата и за блокбастерите како што се: Големата авантура на Пи-Ви, Бетмен, Бетмен се враќа, Планета на мајмуните, Чарли и фабриката за чоколади и Алиса во земјата на чудата кој е втор филм со највисока заработувачка во 2010 година, како и шести на листата филмови со највисока заработувачка на сите времиња. Меѓу многуте соработници на Бартон се Џони Деп, кој е негов близок пријател уште од првиот заеднички филм, музичарот Дани Елфман (кој компонирал музика за 5 филма во режија и/или продукција на Бартон) и неговата партнерка Хелена Бонам Картер. Тој исто така ја напиша и илустрира книгата со поезија Меланхоличната смрт на момчето Оустер и други раскази, објавена во 1997 година и една компилација од неговите цртежи, насловена како Уметноста на Тим Бартон, издадена во 2009 година. Бартон режирал 14 филмови во 2010 година и бил продуцент на 10 филма во 2009 година. На списокот на неговите филмови спаѓаат и филмската адаптација на сапунската опера Темни сенки, анимираниот филм Франкенвини од 2012 година итн.

__TOC__

Млади години

Бартон е роден во 1958 година, во градот Бурбенк, Калифорнија. Неговите родители се: Џејн Бартон (родена Ериксон), сопственичка на продавница за подароци со мачкина тематика и Бил Бартон, поранешен бејзбол играч во малата лига, кој подоцна работи во паркот Бурбенк и Одделот за рекреација. Во младите години, Бартон снима кратки филмови во неговиот двор на улицата Евергрин при што користи лоши техники за снимање на стоп-анимација или ги снима на 8mm филмска лента без звук. (Еден од неговите најпознати филмови од детството е Островот на доктор Агор, кој го направил на 13 години.) Бартон студира во средното училиште во Бурбенк , но не е особено добар ученик. Тој е многу интроспективна личност и го пронаоѓа своето задоволство во сликарството, цртежите и гледањето филмови. Неговата идна работа е под силно влијание на делата на Едгар Алан По кои ги прочитал и од хорор-филмови и научно- фантастични филмови кои ги изгледал, како што е Гоѕила, потоа филмовите кои ги направиле Хамер Филм Продакшн, како и делата на Реј Херихаусен и Винсент Прајс. По завршување во средното училиште Бурбенк, Бартон се запишува на Калифорнискиот институт за уметност за да учи анимација на ликови. Некои од неговите соученици се: Џон Ласетер, Бред Берд, Џон Мускер и Хенри Селик. (Во иднина, Селик и Бартон работат заедно на филмовите Кошмарот пред Божиќ и Џејмс и огромната праска.) Како студент во тој институт, Бартон ги направи кратките филмчиња По стапките на чудовиштето Целер и Крал и октопод. Денес од нив се сочувани само фрагменти.

Рана кариера: 1980-тите

Бартон дипломира на Калифорнискиот институт за уметност во 1979 година. Успехот на неговиот краток филм По стапките на чудовиштето Целер го привлекува вниманието на Волт Дизни Анимејшн Студиос, кои му понудуваат на младиот Бартон стажирање во нивното студио. Таму тој работи како аниматор, глуми во илустрирани прикази и е концептуален глумец во филмовите како Лисицата и песот, Црниот котел и Престол. Сепак, личниот стил на Бартон се судрува со сопствени стандарди на Дизни и тој одлучува да работи на свои сопствени проекти. Додека работи во продукцијата на Дизни, Бартон го режира својот прв краток филм, Винсент, во 1982 година, кој е шест минутен црно-бело филм снимен стоп-анимација и е направен врз основа на една песна напишана од страна на режисерот, а отсликува младо момче кое фантазира дека тој е неговиот (а воедно и на Бартон) јунак Винсент Прајс, а самиот Прајс е раскажувач во филмот. Филмот е во продукција на Рик Хенрих, со кого Бартон се спријателува кога работи во одделот за уметност на Дизни. Филмот е прикажан на Филмскиот фестивал во Чикаго и е објавен по две недели, заедно со тинејџерка драма Текс, во едно кино во Лос Анџелес. По ова следува првата акција во живо на Бартон за Хансел и Гретел продукција, една адаптација на јапонска бајка на Браќата Грим за Дизни Канал, која кулминира во кунг-фу борба помеѓу Хансел и Гретел и вештерка. Само еднаш ја емитувале во 10:30 часот на Ноќта на вештерките во 1983 година, но била веднаш прекината. Остатоци од овој филм можат да се пронајдат многу тешко, што ги поддржува гласините дека овој проект воопшто не постои. (Во 2009 година, краток дел беше изложен во Музејот на модерна уметност.) Следната кратка акција во живо на Бартон е Франкенвини, објавена во 1984 година. Се раскажува приказна за младо момче кое се обидува да го оживее своето куче откако ќе го прегази автомобил. Снимен е во црно-бело и во него глумат ѕвездите Барет Оливер, Шели Дивал (со кого ќе работи повторно во 1986 година, режирајќи една епизода од филмот во кој таа глуми Театар на бајките) и Даниел Стерн. По завршувањето на Франкенвини, Дизни го отпуштува Бартон, под изговор дека тој ги троши средствата на компанијата за снимање филм кој е премногу мрачен и страшен за децата. Барајќи можност да направи долгометражен филм, тој му пристапува на Грифин Дан барајќи да ја режира црната комедија Во касните часови. Сепак, откако проектот на Мартин Скорсезе Последното искушение на Христос се откажува, Скорсезе покажува интерес во режирање на тој филм и Бартон се повлекува од почит кон него.

Големата авантура на Пи-Ви

Не помина многу време откако глумецот Пол Рубенс го изгледал Франкенвини и го избира Бартон за да го режира филмското продолжение на својот популарен лик Пи-Ви Херман. Пи-Ви Херман стекнал голема популарност со успешно сценско шоу во The Roxy кој подоцна прераснува во посебно шоу на HBO (кабловска телевизија Home Box Office). Филмот Големата авантура на Пи-Ви(1985), е направен со буџет од 8 милиони долари, а заработи повеќе од 40.000.000 долари. Бартон, кој е обожавател на ексцентричната музичка група Оинго Боинго (Oingo Boingo), го прашува текстописец Дани Елфман да ја напише музиката за овој филм. Оттогаш, Елфман ги напишал песните на пет филмови во режија и производство на Бартон и тоа: Слуга на брод, Ед Вуд, Џејмс и џиновската праска, Бетмен засекогаш и Свини Тод: Демонот бербер од Флит улицата.

Битлџус

Откако ги режира епизодите за ревитализираните ТВ серии Алфред Хичкок ви претставува и Театарот Фери Тејл на Шели Дивал, Бартон го добива својот следниот голем проект Битлџус(1988год.), натприродната хорор комедија за една млада двојка принудена да се справи со животот после смртта, како и семејството на претенциозните јапи (деловни луѓе од ерата на компјутерите) кои се населуваат во нивната ценета Нова Англија заедно со нивната ќерка тинејџерка, Лидија (Винона Рајдер) чија опсесија со смртта и овозможува да ја види двојката. Улоги во филмот ги имаат Алек Болдвин и Џина Дејвис, како и Мајкл Китон кој се појавува како дрскиот био-егзорцист Бетелгез. Филмот заработи 80 милиони долари со релативно низок буџет и го освои Оскарот за дизајн на најдобра шминка. Подоцна е претворен и во цртан филм кој го има истото име, каде Бартон е извршен продуцент, а четрите сезони од цртанот се емитуваат на телевизиските компании ABC, а подоцна и во Фокс.

Бетмен

Способноста на Бартон да произведува хитови со ниски буџети ги импресионира директорите на студиото и тој го добива својот прв високо буџетен филм Бетмен. Меѓутоа производството е проследено со проблеми. Бартон повеќепати се судрува со продуцентите на филмот, Џон Петерс и Питер Губер, но најзначајната расправија се случува поради кастингот. За главната улога, Бартон го избира Мајкл Китон како Бетмен заради нивната претходна соработка во Битлџус, и покрај неговата просечна фигура, неискуството со акциони филмови и угледот како комичен глумец. Иако на крајот Бартон победи, бесот во текот на кастингот предизвика огромна нетрпеливост на обожавателите, до тој степен што се смалила цената на акциите на "Ворнер брадерс". Бартон смета дека е смешно улогата на Бетмен да му ја додели на набилданиот Химен, тврдејќи дека Борецот со наметка треба да биде обичен (и неверојтно богат) човек кој облекува изработен костум на лилјак за да ги плаши криминалците. Улогата на Џокерот, Бартон му ја доделува на Џек Николсон (Тим Кари бил неговиот втор избор) со цел да го ублажи стравот на обожавателите, како и да привлече обожаватели од постарите генерации кои не се толку заинтересирани за суперхеројски филмови. По завршувањето на снимањето во јуни 1989 година, филмот беше поддржан со најголема маркетиншка и рекламна кампања на сите времиња во историјата на филмовите и стана еден од најголемите благајни хитови на сите времиња, со заработка на повеќе од 250 милиони американски долари само во САД и 400 милиони долари низ целиот свет (бројките не се прилагодени за инфлација), а доби и одлични критики за улогите на двајцата, Китон и Николсон, како и за филмското производство на филмот, кој го освои Оскарот за најдобра режија. Успехот на филмот му помогна на Бартон да се претстави како профитабилен режисер и исто така да остави големо влијание врз иднината на суперхеројските филмови, каде се избегнуваат веселите, американски херои како Супермен на Ричард Донер, а се претпочитаат помрачниот и пореален изглед, како и ликови со повеќе психолошка длабочина. Исто така, стана главна инспирација за успешниот цртан филм Бетмен:Анимираните серии во 1990-тите, кој бил исто толку мрачен како и неговото продолжение Бетмен на телевизија. Бартон тврди дека Убиствената шега има најголемо влијание врз неговата филмска адаптација на Бетмен: "Никогаш не бев голем обожавател на стрипови, но секогаш ги сакав улогите на Бетмен и Џокер. Уште од мал не ги сакав стриповите, а причината за тоа е што никогаш не можев да знам кој дел од текстот беше следен за читање. Не знам дали тоа беше дислексија или нешто друго, но затоа го сакав Убиствената шега, бидејќи за првпат знаев кој дел од текстот треба прво да го прочитам. Тој ми е омилен. Тој е првиот стрип што некогаш сум го сакал. И успехот на тие графички новели ги направија поприфатливи нашите идеи."

1990-тите Едвард Сизорхендс

Во 1990 година, Бартон (заедно со Каролин Томпсон) го напиша, а потоа и го режира Едвард Сизорхендс, повторно земајќи ја во главна улога Винона Рајдер од Битлџус. Неговиот пријател Џони Деп, тинејџерски идол на крајот од 1980-тите, кој поради неговата улога во ТВ хит серијата Џамп-стрит 21, ја доби главната улога како Едвард, творба од ексцентричниот и старомоден пронаоѓач (кој го играше Винсент Прајс во едно од неговите последни појавувања на екраните). Едвард изгледа како човек, но наместо дланки на рацето има ножици поради прераната смрт на неговиот творец. Сниман во предградие (филмот е сниман во Луц, Флорида), овој филм се смета за автобиографија на Бартон, кој пораснал во предградие во Бурбанк. Прајс еднаш изјавил дека "Тим е Едвард." Деп напишал сличен коментар во предговорот на книгата на Марк Солсбери Бартон на Бартон (Burton on Burton), објаснувајќи ја неговата прва средба со Бартон во текот на кастингот за филмот. Голем број критичари Едвард го сметаат за најдобар филм на Бартон. По оваа соработка со Бартон, ѕвездата Џони Деп глуми и во Ед Вуд, Заспаната долина, Чарли и фабриката за чоколадо, Мртвата невеста, Свини Тод: Демонскиот бербер од Флит улицата и Алиса во земјата на чудата. Во 2004 година, Метју Борн отишол кај Бартон со идеја Едвард да го претвори во балет. Балетот за првпат е емитуван во 2005год. На турнејата уште е претставен и на публиката во Велика Британија, САД, Канада, Австралија и делови од Европа.

Бетмен се враќа