мини|десно|350п|Државите на Северна Африка.
Географска положба Северна Африка ја опфаќа територијата од Средоземното Море на север до реката Нигер и езерото Чад на југ. Се простира од Атлантскиот Океан на запад до Црвеното Море на исток, односно ги зафаќа териториите што хидрографски главно, гравитираат кон Средоземното Море на север и Атлантскиот Океан на северозапад.
Големина Северна Африк зафаќа околу 13 милиони км2 површина на која живеат околу 200 милиони жители, од кои поголемиот број се Арапи. Поголемиот дел од територијата ја зафаќа пустината Сахара, поради што Северна Африка е најретко населена.
Демографија На територијата на Северна Африка се наоѓаат државите: Мароко, Алжир, Тунис, Либија, Египет, Судан, Западна Сахара и Мавританија. Сите тие излегуваат на море. Повеќето држави во Северна Африка се големи по површина, освен Тунис. Но, поради климатските одлики, населеноста и економската развиеност се мошне нерамномерни. Населението е најгусто населено во приморските делови, покрај долините на реките и во оазите. Поголемиот дел од териториите во пустините се ретко или воопшто не се населени. Главни стопански дејности се земјдолеството и сточарството. Од земјоделските прозиводи се одгледуваат жита, маслинки, винова лоза, лимони, портокали, памук и др. Сточарството се одликува со одгледување на овци, кози, камили и говеда. Од рудните богатства во Северна Африка се застапени нафта, фосфати, железо, олово и цинк. Покарактеристични индустриски развиени региони се северниот дел на Египет, Алжир, Либија, Тунис и Мароко - каде што се најразвиени прехранбената и петрохемиската индустрија. Населението во Северна Африка е претежно со исламска вероисповед. Демографската слика на Северна Африка со основните податоци изгледа вака:
држава население доминантнарелигија % од вкупнотонаселениеслужбен јазикнајголема етничка група 76,699,427 (2006) Ислам~ 90арапскиЕгипќани (91 %) 30,894,000 (2008, оспорено) Ислам~ 97арапски и англискиАрапи (39 %), Црнци (52 %)5,670,688 (попис 2006)Ислам96.7арапскиповеќето од населението се машни Арапи-Бербери (арабизирани Бербери)10,673,800 (порц. за 2011)Ислам 99арапскимешано население од Арапи-Бербери (98%)29,100,867 (попис 1998)Ислам99арапскиБербери (над 90%)35,657,056 (попис 2011)Ислам98.7арапски и берберскимешано население од Арапи-Бербери (99%)10,329,208 (проц. 2009)Ислам53арапски и францускинема мнозонска група, види Демографија на Чад10,790,352 (попис 2001)Ислам90француски Хауса (56 %), Џерма 22 %14,517,176 (попис 2009)Ислам90францускиМандејци (Бамбарци, Малинке и Сонинке) 30% до 50 %3,069,000 (проц. за 2009)Ислам~100арапски30 % Белци (Арапи и Бербери), 30 % Црнци (Сонинке, Тукулери, Фуланци) Западна Сахара405,210 (проц. за 2010)Ислам99.9арапскиСахарци
Карти за Северна Африка
Наводи
Поврзано Африка Географија на Африка