Азербејџански, или именуван како азерски, а понекогаш и како азерски турски или само турски Milli dil məsələsi: Türk dili, yoxsa Azərbaycan dili? — туркиски јазик кој е мајчин јазик на Азерите. Јазикот е службен во современата држава Азербејџан, како и во руската република Дагестан. Најголемиот број говорници на азербејџански се наоѓаат во Иран, но таму нема никаков службен стгатус. Покрај тоа, јазикот се зборува и меѓу азерската дијаспора во Грузија, Турција и останатите држави.

Азербејџанскиот е дел од групата на огуски јазици. Јазикот се дели на северноазербејџански (кој се зборува во Азербејџан и Русија) и јужноазербејџански (кој се зборува во Иран. Азербејџанскиот е многу сличен и сроден со турскиот, туркменскиот, кашкајскиот и кримскотатарскиот јазик. Овие јазици се меѓусебно разбирливи.

Потекло на поимот Азерите го именуваат јазикот како турки (Türki) што во превод значи „турски“ или азербејџански турски (Azərbaycan Türkcəsi). Понекогаш од одреден круг на научници се користи терминот истанбулски турски за современиот јазик во Турција.

Во периодот од 1945/ 1946 година Азербејџанската Народна Влада која управувала со Ирански Азербејџан, азербејџанскиот јазик во Иран официјално го именувала како „турски “. Во 1992 и 1993 година, кога се основала современата држава Азербејџан, официјално јазикот го именувала како „турски “. Но по 1994 година властите почнале да го користат терминот „азербејџански јазик“, кој патем бил користен за време на СССР.

Гласовен систем Самогласки + Самогласки предни задни незаоблени заоблени незаоблени заоблени затворени средни отворени

Шема на азербејџански самогласки:Mokari, P. G.; Werner, S. (2016). "An acoustic description of spectral and temporal characteristics of Azerbaijani vowels". Poznań Studies in Contemporary Linguistics 52 (3). 250px

Согласки Согласки во современиот азербејџански јазик Билабијални Лабијално-забни Забни Алвеоларни Пост-алвеоларни Непчани Меконепчени ГлоталниЕксплозивни иафрикати Носни Фрикати Апроксимантни Тапни

thumb|400px

Наводи

Категорија:Туркиски јазици Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Јазици во Русија Категорија:Јазици во Турција Категорија:Јазици во Грузија Категорија:Јазици во Азербејџан