Cryptic Writings е седмиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Бил издаден на 17 јуни 1997 год. Овој албум го продолжува комерцијалниот тренд на Мегадет, и содржи песни што се наменети за пошироката публика.
Ова бил последниот студиски албум каде на тапани настапувал Ник Менза. Со тоа воедно се растурила „класичната постава“ на Мегадет, во состав Мастејн, Елефсон, Фридмен и Менза. Тие заеднички изработиле четири албуми, почнувајќи од Rust in Peace (1990) па сè до овој.
Занимливо, ова е единствениот албум од целокупниот музички каталог на бендот каде Вик Ретлхед не се појавил ниту на омотот, ниту пак во книшката со текстовите на песните. Преработената верзија е издадена во 2004, заедно со другите постари албуми.
Список на песни Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен обележаните каде свој удел имале и останатите членови.
Наводи
Категорија:Албуми на Megadeth Категорија:Албуми од 1997