Пена, во постарата книжевност Тетовска Бистрица, Тетовска Река (во некои пишани извори позната и како Шарска Река.Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, Софија. стр. 264) — најголемата шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки. Во подалечното минато била нарекувана Хтетовчица

Извор и устие мини|лево|220п|Реката југозападно од Бозовце. мини|лево|Камен мост на реката Пена во Тетово. Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислоица,Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 г. на јужната страна на циркот Џинибег, на некаде околу 2.400 метри надморска висина, во ливадеста зарамнина на височина. Највисокиот извор () понекогаш пресушува, додека подолниот извор е повеќесезонски ().

Од нејзина десна страна, во неа се вливаат водотеците на Кривошијска и Лешничка Река. Горниот тек на реката е месно наречен Бозовска Река.

Таа тече непосредно јужно од селата Бозовце, Вешала и Бродец.

Следни други притоки на Пена се: Чепеновска, Скакалска, Караниколска, Бродечка, Пржина, Вејчка, и уште други 4 рекиЖивко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр. 68-70.

Поминувајќи низ самото средиште на Тетово, таа се спушта во полошкото поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар.

Особености

Извориштата на реката се на околу 2.500 метри надморска висина и со висинска разлика од околу 1.914 м. Реката е долга 29,7 км.

Значење Пена има големе значење за градот Тетово и како симбол, а и како објект од голем економски потенцијал. Од туристичка гледна точка, реката со својот див планонски тек и прекрасни водопади, мами голем број на туристи. Од економски аспект реката е важна, бидејќи на неа се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.

Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од Тетово, при што нанела големи штети.Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово

Галерија

Поврзано Клисура на Пена Шарски хидроцентрали Шарпланински реки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Вардар Категорија:Шар Планина Категорија:Реки на Шар Планина Категорија:Бозовце