Рекат (од ) е една единица на исламската молитва, или намаз. Секоја молитва се состои од различен број на рекати:

Сабах — молитва во мугри: 2 реката Пладне — пладневна молба: 4 реката Икиндија — попладневна молба: 4 реката Акшам — молитва на зајдисонце: 3 реката Јација — ноќна молитва: 4 реката

Петочната молитва (џума) се состои од 2 реката и се врши наместо пладне.

Составни делови на рекатот Текбир (величање на Бога) Молби 1 Рецитирање на сурата Ел-Фатиха Рецитирање на друга сура Руку (клањање) Исправување од руку Сеџде (паѓање ничкум) Исправување од сеџдето Второ сеџде Тешехуд (сведочење) 2 Теслим (поздрав) 3

1 Се врши само во првиот рекат од молитвата. 2 Во вториот рекат се врши само првата негова половина во 3/4-рекатска молитва како Ел-Зур(4) или Ел Магреб(3), додека во целост се врши во последниот рекат во секоја стандардна н-рекатска молитва (намаз). 3 Се врши само во последниот рекат на молитвата.

Поврзано Намаз (молитва) Ислам

Надворешни врски Анимирани напатствија за вршење на намази поделени на рекати , со кириличен текст за рецитирање на арапски и македонски превод

Категорија:Намаз Категорија:Арапски зборови Категорија:Ислам