мини|СИМ картичка во Полска со слоган на кампањата против говорот на омраза „Зборовите имаат моќ, употреби ги паметно“ Говор на омраза — поим кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина. Терминот се однесува и на пишана и на усна комуникација, како и некои форми на однесување на јавно место.
Говорот на омраза дејствува покрај законот, говор кој навредува одредена личност или група во однос на дискриминација кон таа личност или група.
Според законот, говор на омраза е секој говор, гестикулација или однесување, пишан текст, или приказ којшто е забранет поради можноста да поттикне насилство или предрасудно дејствување против или од страна на некој заштитен поединец или група, или поради што се деградира или заплашува одреден поединец или група. Законот може да го препознае заштитениот поединец или група според одредени одлики. Во некои држави, секоја жртва на говорна омраза може да побара надомест според граѓанско, кривично право или обете. Она мрежно место која користи говор на омраза се нарекува мрежно место за говор на омраза. Многу од овие страни содржат интернет форуми и генератори за извештаи кои истакнуваат одредени ставови. Имало дебата за тоа како слободата на говор се применува на интернет.
Критичарите сметаат дека “говорот на омраза” е современ пример на “Newspeak”, со кој се стишувале критиките на социјалните партии кои биле слабо имплементирани во напорот да останат политички коректни.
На меѓународно ниво
Во меѓународниот пакт за граѓански и политички права (ICCPR) е наведено дека -,,секој напор за застапување за национална, расна или религиозна омраза кое би водело до потенцијална дискриминација, непријателство или насилство треба да биде забрането со закон. Конвенвијата за елиминирање на сите форми на дискриминација забранува секакви напори за поттикнување на расизам (ICERD).” На 3 Мај, 2011год. Мајкл О’Флахерти заедно со Комитетот за човекови права на обединетите нации го издадоа “Општиот став бр.34” на ICCPR, кој меѓу други ставови изразува загриженост дека многу форми на “говор на омраза” не се сфаќаат со потребната сериозност истакната во Член 20. Што се однесува до дебатата за тоа како слободата на говор се манифестира на интернет, постојат конференции на оваа тема кои се спонзорирани од страна на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации.
Австралија
Законите за говор на омраза во Австралија се разликуваат во различни области, главно се стремат кон заштита од виктимизацијата на расна основа.
Белгија
Законот на Белгија против расизмот, или во целост, Законот од 30 јули 1981 година за казнување на одредени дејствија инспирирани од Расизам или Ксенофобиа е закон против говорот на омраза и дискриминација кој е донесен од федералниот парламент на Белгија во 1981 година којшто забранува одредени акти за расизмот и ксенофобијата. Исто така е познат како законот ,,Moureaux”.
Законот на Белгија за негирање на холокаустот, донесен на 23 март 1995 година го забранува јавното негирање на Холокаустот. Поконкретно, законот го забранува негирањето, отфрлањето, потврдувањето или одобрувањето на геноцидот извршен од страна на германскиот национален социјалистички режим во текот на Втората светска војна. Судењето го води Белгискиот центар за еднакви можности. Овој прекршок се казнува со затвор до 1 година и парични казни кои достигнуваат до 2500 евра.
Бразил
Во Бразил, според Уставот на Бразил од 1988 година, расизмот и други форми поврзани со говорот на омраза во поглед на расата претставуваат казниво дело без право на излез со кауција од страна на обвинетиот.
Канада
Канада, секоја идеја за геноцид или поттикнување омраза против одредена група претставува кривичен престап под кривичниот законик на Канда со казна затвор од две до четиринаесет години. Под одредена група се мисли на дел од јавноста различна по боја, раса, религија, етничко потекло или сексуална ориентација. Се прават исклочоци во случаи на точни изјави, и предмети на јавна дебата и религиозна цели. Обележјето на оваа судска одлука за уставноста на овој закон е Р.В Кигстра (1990).
Чиле
Член 31 од "Ley sobre Libertades de Opinión e Información y Ejercicio del Periodismo" (Закон за слобода на мислење и информираност и работењето на новинарите ), со голема парична казна ги казнува оние кои ,,преку било кои средства за општествена комуникација, објавуваат или пренесуваат идеи кои имаат за цел да промовираат омраза или непријателство кон луѓе или група на луѓе поради нивната раса, пол, религија или националност”. Оваа норма се применува врз основа на пренесените изрази преку интернет. Исто така постои закон кој ги зголемува казните за некое кривично дело доколку тоа е стимулирано од омраза врз основа на дискриминација.
Советот на Европа
Советот на Европа интензивно работи на оваа тема. Иако Член 10 од Европската конвенција за човекови права не ги забранува кривичните закони против ревизија на историјата како што се одбивањето или минимизација на геноцид или злосторства против човешвото, како што е толкувано од страна на Европскиот суд за човекови права (ECHR), Здружението на министри од Советот на Европа направи поголем чекор и им предложи на владите членки да се борат со омразата на говор според предлогот “Р (97) 20”. Европскиот суд на човекови права не дава прифатена дефиниција за “говор на омраза”, наместо тоа нуди критериуми според кои обвинителите можат да одлучат дали “говорот на омраза” се однесува на заштитата на слобода на говор.
Советот на Европа ја создал Европската комисија против расизам и нетрпеливост, која продуцираше извештаи за земјите и неколку препораки за одредени политики, како, против антисемитизмот и нетрпеливоста кон муслиманите.
Хрватска
Уставот на Хрватска гарантира слобода на говор, но Хрватскиот кривичен законик забранува и го казнува секој кој врз основа на различната раса, религија, јазик, политички и други верувања, богатство, раѓање, образование, општествен статус и други одлики, како, пол и боја на кожа, на национало или етичко ниво ги прекршува основните човекови права и слободи кои се препознаваат во меѓународната заедница.
Данска
Данска забранува говор на омраза, и го дефинира како јавно вршење на предрасуди според кои една група е заканувана,навредувана или деградирана поради расата, боја на кожа, национално или етничко потекло, верувања или сексуална ориентација.
Финска
Постоела голема дебата за дефинирање на терминот “говор на омраза” во финскиот јазик.
Доколку “говорот на омраза” означува навреда на етничка основа, тогаш е забранет во Финска и дефиниран во Член 11 од кривичното право. Војни злочини и злочини против човештвото, како објавување на податоци, мислење или друга заканувачка или навредувачка изјава кон некоја група на расна основа, националност, етничка припадност, религија, сексуална ориентација, неспособност, или друга споредлива основа. Навредата на етничка основа се казнува парично или со 2 години затвор, или пак од 4 месеци до 4 години затвор доколку е полошо од наведа ( како на пример поттикнување геноцид).
Критичарите тврдат дека во политички контекст или наметнување на одредени мислења и изјави, говорот на омраза може да се употреби за стишување на нефаворизирани критики, или за прекинување на дебата. Одредени политичари, вклучувајќи го и пратеникот Јуси Хала-ахо, го сметаат поимиот “говор на омраза” за проблематичен поради неможноста за едноставно дефинирање.
Франција
Франција според кривичното право и законите за новинарство забранува навредувачка комуникација или клевета, секој вид на поттикнување на потенцијална дискриминација, омраза или насилство против одредена личност или група на луѓе на сметка на нивното место на раѓање, етничка припадност, националност, раса, одредена религија, пол, сексуална ориентација, или хендикеп. Законот забранува декларации кои оправдуваат или негираат кривични дела против човечноста, на пример Холокаустот (актот “Gayssot”.)
Германија
Во Гермнија, поттикнување омраза кон одредена популација е казнив престап според Член 130 од Кривичниот законик на Германија и со можна затворска казна од 5 години. Според Член 130, кривично дело претставува јавно поттикнување омраза кон дел од популацијата или повикување на насилни правни мерки против нив или навредување, злобно да се клеветат или да се посрамотат на начин на кој се понижува нивното човеково достоинство. На пример, не е легално во јавност да се нарекува некоја одредена група “maggots ” or “freeloaders ”. Во Германија, поттикнувањето омраза се казнува дури и ако се случува во странство и без разлика на тоа дали станува збор за граѓани кои не се од германско потекло, сè додека припаѓаат на границите на германската територија. На пример, противдржавниот став во Германија се употребува во германското писмо и говор. (Принцип на сеприсутност од Германскиот кривичен законик, член 9 § 1 Alt. 3 и 4.)
Исланд
Во Исланд, законот за говор на омраза не се ограничува само на поттикнување на омраза, туку како што може да се види во Член 233 од кривичниот законик на Исланд, се вклучува јавното изразување омраза како:
секој оној кој на каков било начин се потсмева, клевети, навредува, се заканува или јавно напаѓа некоја личност или одредена група на луѓе на основа на нивната национална припадност, боја на кожа, раса, религија или сексуална ориентација треба да се казни или да одлежи затворска казна до 2 години. (Зборот “напад” во овој контекст не се однесува на физичко насилсто, туку само на изразување на омраза.)
Индија
Слободата на говорење и изразување е заштитена со Член 19(1) од Уставот на Индија, но според Член 19(2) “разумни ограничувања”, можат да бидат наметнати на слободата на говор и изразување во интерес на суверенитетот и интегритетот на Индија, безбедноста на земјата, пријателски односи со другите држави, јавниот ред и мир, пристојност и морал, или во однос на непочитување на судот, клевета или поттикнување на кривично дело.
Индонезија
Индонезија е земја потписник на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права од 2006 година, но сè уште нема изгласано сеопфатно законодавство за справување со говорот на омраза. Барањата за сеопфатен закон против говорот на омраза и придружна образовна програма биле придружени со изјави на водачот на една радикална исламска организација дека “Balinese Hindus” собира сили за да го заштити “lascivious Miss World pageant” во борбата против исламот и дека им е ветено небото на оние коишто се борат по патот на Алах. Овие изјави и слични пораки се примери на омраза и нетрпеливост што се проповедуваат во џамиите низ државата од страна на оџите.
Ирска
Во Ирска, правото за слобода на говор е гарантирано со Уставот (Член 40.6.1.и). Меѓутоа, под ова право се подразбира условот слободата на изразување да не се користи за нарушување на јавниот ред и мир, моралот или авторитетот на државата. Членот од 1989 година за забрана за поттикнување на омраза, вбројува зборови и однесувања со кои се “заканува, малтретира, навредува, или пак се наменети во поглед на околностите да поттикнат омраза против одредена група на луѓе во државата или било каде врз основа на нивната раса, боја, националност, религија, етничко и национално потекло, членство на некоја патувачка заедница или сексуална припадност.”
Јапонија