Амхарскиот (አማርኛ, /amarɨɲːa/) е семитски јазик, дел од подгрупата на етиопски јужносемитски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Амхарите, „лингва франка“ во Етиопија и службен јазик на федерално ниво во државата.
Амхарскиот најверојатно првично се развил како резултат на мешање на различни кушитски и семитски говори (супстратуми) за да се олесни комуникацијата помеѓу народите кои зборувале мешавини од различни јазици.Bender, M. Lionel and H. Fulass (1978). Amharic verb morphology. (Committee on Ethiopian Studies, monograph 7.) East Lansing: African Studies Center, Michigan State University. Оваа јазична форма им овозможила на војската (па и народот) да комуницираат и да развијат комуникативно средство кое било различно и независно од етиопската црква и нејзиниот етопски јазик.
Денес амхарскиот е работен (службен) јазик на Етиопија на федерално ниво, како и работен јазик на неколку сојузни држави во Етиопија. Со вкупно 21,811,600 говорници според податоците од 2007, вклучувајќи и 4,000,000 жители кои го говорат како втор јазик, амхарскиот е вториот најзборуван семитски јазик во светот, веднаш зад арапскиот.
Амхарскиот се пишува од лево кон десно користејќи го етиопското писмо. Писмото е абугида. Нема универзално прифатлив систем за транслитерација на амхарскиот. Системот за транслитерација кој се користи тука е често користен систем на академско ниво.
Статус Уште од 12 век амхарскиот бил службен јазик на судовите, кралските дворови, трговски јазик, јазик на војската и јазик за секојдневна комуникација. Денес останува како службен јазик на Етиопија. Според податоците од 2007 година, амхарскиот го зборувале 21.6 милиони луѓе во Етиопија а има и дополнителни 4 милиони луѓе кои го зборуваат како втор јазик. Дополнително, надвор од Етиопија јазикот го зборуваат околу 3 милиони . Етиопските Евреи во Етиопија и Израел исто така зборуваат на амхарски. Во Вашингтон јазикот станал еден од шесте јазици, различни од англискиот, дел од Актот за јазична пристапност од 2004 година, со што се овозможува владини услуги и образование на амхарски. Исто така, амхарскиот се смета за свет јазик на Растафарите и често се користи од следбениците на Растафаријанското движење. Амхарскиот е најзборуваниот јазик на Африканскиот Рог.http://catalog.ihsn.org/index.php/catalog/3583/download/50086
Писмо Амхарскиот се пишува со етиопското писмо, кое е абугида.Hudson, Grover. "Amharic". The World's Major Languages. 2009. Print. Ed. Comrie, Bernard. Oxon and New York: Routledge. pp. 594–617. . Секој карактер од писмото се состои од согласка и самогласка, но основниот облик на карактерот е зададен од согласката. Писмото има повеќе различни карактери за, денес, исто гласови, но тоа се должи на фактот што во минатото сите тие имале различни гласновни вредности. Со текот на времето фонетскиот систем на јазикот се променил, но не и писмото. Карактерите на амхарски се именуваат како „фидели“.
„Фидели“ +Етиопско писмо o dʒ o
Правописни знаци знак за почеток на параграф одделување на зборови точка запирка точка-запирка две точки вовед за текст од описна претставка прашалник одделувач на параграфи
Гласови +СамогласкиПредниЦентралниЗадниВисоки (ə)Средни (ä)Ниски 300px + СогласкиБилабијалниЗабниПалато-алвеоларнинепчаниМеконепчаниГлоталниЕксплозивниБезвучни ЗвучниЕјективни (p', p̣) (t', ) (q, )АфрикативниБезвучни (č)Звучни Ејективни (č', č̣)ФрикативниБезвучни (š)Звучни (ž)Ејективни (s', ṣ)Носни (ñ)Ликвидни (y)Вевни
Наводи
Надворешни врски Избрана библиографија за амхарскиот Курс по амхарски јазик
* Категорија:Флективни јазици