Ана Пејчинова — македонска писателка и преведувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 196 - 197.

Животопис мини|200п|десно|Ана во Авганистан. Родена е во 1973 г. во Скопје, Македонија. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност во 1997 г. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и продолжила на соодветната Катедра за компаратистика на докторски степен на Филозофскиот факултет при Карловиот Универзитет во Прага. Во 2002 година, таа се вратила во Македонија. После низа на краткорочни ангажмани во културата и проектниот менаџмент, на кратко била ангажирана од УНДП во Скопје. Веднаш потоа добила и понуда да работи за Мисијата на асистенција на Обединетите Нации во Авганистан. Таму работела седум месеци, како провинциски офицер за граѓанско образование на претседателските избори на земјата. Подоцна била регрутирана од ИОМ како шеф на гласачко образование за ирачките избори за дијаспората во Канцеларијата во Копенхаген, Данска. По ирачките избори, таа се вратила во Авганистан, со УНОПС, како регионален офицер за граѓанско образование за парламентарните избори на земјата.

Збогатена со вакви интересни искуства, таа решила да им се врати на студиите, завршила втор факултет, овој пат со магистерски студии по политички науки. Во 2006 година, таа се стекнала со титулата магистер на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта, дел од мрежата на Институтот Отворено општество — фондација „Сорос“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија. Библиографија

Авгански дневници - (блог-записи), Скопје, издавачка куќа Аквариус пет (март 2008)

Четирите Зои - (превод) еп од Вилијам Блејк, Скопје, Книжевна Младина на Македонија (април 2007)

Филозофијата во доба на терор: интервју со Жак Дерида - (превод), лично мрежно место, семрежно издание (февруари 2007). Печатено издание во подготовка: Скопје: НИК Лист. Постмодернизирање на Авганистан - (текст), Будимпешта: CEU Political Science Journal (јан 2007) Замислена Европа: Нужни насилства на миротворниот идентитет - (текст), во: Политичка мисла. Берлин/Скопје: Фондација Конрад Аденауер (дек 2006) Човекот кого времето го имаше - (расказ) Сивиот ангел - (циклус песни), Белград: БКГ бр. 7 (2006). Демонизацијата на Авганистан - (прилог), Скопје: Дневник (28 окт 2006) Авганистан: Создавање на демократија на војсководци - (магистерска дисертација), Будимпешта: Универзитетска онлајн архива на студентски тези (јуни 2006) Критика на сиромаштијата - (текст), Политичка мисла, Берлин/Скопје: Фондација Конрад Аденауер (феб 2004) Книгата е книга е-книга - (текст), Политичка мисла, Берлин/Скопје: Фондација Конрад Аденауер (сеп 2003) Светлини и сенки: стихови од Елен Дорион - (избор и превод од француски), Скопје, Струшки вечери на поезијата, едиција Плејади (2003) Животот и светото - (текст), меѓународен поетски фестивал во Муккула, Финска (јуни 2003). Кристали на несвесното: Системската парадигма на човековиот ум - (докторска дисертација), лично мрежно место, семрежно издание (октомври 2002) Позицијата на субјектот и јазичниот дискурс на историјата - Скопје: Мираж бр. 1 (мар 2002) Abridging (Мостување): поема од Гордана Стојковска - (превод на англиски), Скопје, КММ, едиција Медија (1999) Златните раце на демонот - (поезија), Скопје: КММ (1999) Реч за настанувањето - (предговор кон Предигра од Катица Ќулавкова), Скопје: Детска радост (1998) The Forgotten Eye of the Sky (Заборавеното око на небото): песни од Глигор Стојковски - (превод на англиски), Скопје, Детска радост (1997) Ѕверот и проѕирот - (поезија), Битола, Развој (1997) Приказни за безвремето - (предговор кон Боја на безвремето од Гордана Стојковска), Скопје, Штрк (1996) Деогае (поезија) - Скопје, КММ, едиција Алфа (1995)

Преводи на авторска поезија на други јазици со онлајн едиции:

Полски: Krasnogruda No. 11;The Borderland Foundation Австриски: Lichtungen- special 100th Edition of the Journal for Literature, Art and Contemporary Criticism Фински: Mukkula International Poetry Festival Француски (Канада): Les јеux de la frankophonie

Преводи на дела:

Преводот на „Четирите Зои“ на Вилијам Блејк е првото печатено дело од областа на книжевноста заштитено според Лиценцата на Споделбено добро - (Creative Commons License), 'некои права се заштитени'. Во име на промоција на принципот на Отворен пристап (ОП) кон дела од областа на науката, образованието и културата, Предговорот на печатената книга содржи појаснување за новиот тип на заштита на авторски права и врска до бесплатната онлајн верзија на овој еп. Превод на Жак Дерида, „Филозофија во време на терор“, серија на текстови од Морис Бланшо од „Просторот на книжевноста“, неколку приказни и препевот на Руми.

Наводи

Надворешни врски Blue Feather: Poetry, Prose, Articles, Translation, Arts Ана Пејчинова: Препевот е како фина резба во јазична скулптура Разговор со Ана Пејчинова за поетските препеви на Руми и Киплинг: Клучот е во вистинитоста, а бравата е срцето Интервју со Ана Пејчинова | Авганистан, љубов моја Вечер со Руми: Промоција на последниот книжевен превод на Драги Михајловски Радјард Киплинг: Ако Радјард Киплинг: Балада за кралевата шега Радјард Киплинг: Тажаленка на викиншките жени

Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје