мини|300п|Алхемичарска лабораторија Алхемија — рана протонаучна практика во која биле комбинирани елементи на хемија, физика, астрологија, уметност, семиотика, металургија, медицина, мистицизам, и религија. Алхемичарите тежнееле кон остварување на три цели. Најпозната цел на алхемијата е остварувањето на трансмутација на било кој метал во злато или сребро. Алхемичарите исто така се обиделе да создадат еликсир, универзален лек што би ги лечел сите болести и би го продолжил човечкиот живот неограничено. Филозофскиот камен бил клуч за овие цели. Оваа мистична супстанца што наводно била и прав и течност во форма на камен, можела да ги оствари и двете цели. Третата цел била создавање на човечки живот. Алхемијата може да се смета како претходник на модерната хемија пред формулацијата на научниот метод.
Алхемијата како тема во уметноста и во популарната култура Алхемијата се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како: „Алхемичар“ - песна на германскиот поет Рајнер Марија Рилке.Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 60. „Алхемија“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 60.
Наводи
Категорија:Езотерија Категорија:Окултизам
Категорија:Херметизам