Австрија (, службено Република Австрија (германски: Republik Österreich) — континентална земја во Средна Европа со околу 8,47 милиони луѓе. Се граничи со Чешка и Германија на север, Унгарија и Словачка на исток, Словенија и Италија на југ и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Австрија има површина од 83.855 км2 и има умерена и алпска клима. Теренот во Австрија е планински, поради присуството на Алпи; само 32% од земјата е под 500 метри, а нејзината највисока точка е 3.798 метри. Мнозинството од населението говори на месниот австробаварски дијалект на германскиот јазик, како нивен мајчин јазик, и германски во неговата стандардна форма, кој претставува и службен јазик на земјата.
Најголем град во земјата е нејзината престолнина, Виена. Други локални службени јазици се унгарскиот, хрватскиот и словенечкиот.
Потекло на поимот Историја
Праисторија мини|лево|Вилендорфска Венера, 28,000 до 25,000 п.н.е.
Подрачјето на денешна Австрија било населено уште од најстарите времиња во каменото доба. Најпознатиот наод од тоа време е Вилендорфска Венера која била пронајдена во Вилендорф, Долна Австрија. Се проценува дека е стара околу 25.000 години. Подоцна, преку народите од Балканот престигнале сточарството и металната обработка. Популацијата нараснувала сè повеќе и била создадена првата трајна населба.
Римско време
Во периодот кога келтите под контрола на Рим се романизирале, на север се населиле Германите, мешајќи се со староседелското население. Покрај реката Дунав изградиле тврдини, а една од нив на местото на старата келтска или илирска населба била изградена населбата Виндобона, која денеска е главната престолнина на Австрија, Виена.
Среден век
Со постепеното слабеење на Римската имерија, Австрија била изложена на сè поголемите напади од страна на германските и други народи. Околу 6 век се појавиле Баварците на запад и Словените и Аварите на исток. Во 10 век биле победени Унгарците и Австрија повторно била вклучена во составот на Баварија. Во 996 година за првпат се споменува името Остарици, од кој доаѓа и германскиот назив за Österreich. Тоа бил почетокот на германската колонизација на источна Австрија.
Хабсбуршка династија
Во 1278 година, кнежевството Австрија било освоено од страна на Хабсбуршката династија. Во следните години, оваа династија станала една од најмоќните во Европа. Во 15 век, тие ја добиле Бургундија, Шпанија и Холандија. Во 1526 година ја наследиле Унгарија, Чешка, Моравија и Хрватска. Османлиското Царство брзо напредувала и веќе во 1529 година пристигнале пред портите на Виена. Во следните 150 години, овие две големи империи биле во постојан конфликт.
Голем проблем на оваа империја претставувала религиозната основа на христијанството. Поголемиот дел од австрискиот народ биле протестанти. Царот насилно го принудил своето население да го прифати католицизмот. Од 1618 до 1648 година се водела Триесетгодишната војна. Религиозниот воен конфликт набргу се проширил по цела Свето Римско Царство, а кога на страната на протестантите се приклучиле Франција и Шведска, се дошло до голем пораз на царската војска.
Во 1683 година стигнала и втората опсада на Виена од Османлиите. Османлиите биле поразени и принудени да се повлекуваат. По ова, Австрија ги освоила Унгарија и Славонија, како и голем дел од Србија. По победата над протестантите, голем број на верници биле прогонети од империјата. Тие се населиле во Прусија.
Во 1867 година, кралот Франц Јосиф го одобрил создавањето на двојната монархија Австроунгарија. Двата дела на таа монархија располагале со единствен парламент. Оваа монархија постоела до крајот на Првата светска војна.
Прва светска војна
Австроунгарија во време на Првата светска војна била на страната на Централните сили. Во текот на Првата светска војна Австроунгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9.000.000 војници. Австроунгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Со поразот во војната, Австроунгарија како еден од условите била распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главна причина се гледа стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со што повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австроунгарија.
По војната од територијата на Австроунгарија биле создадени Чехословачка, Австрија и Унгарија, а дел од нејзините територии припаднале на Полска, Романија, Италија и Југославија.
Втора светска војна
Во 1938 година, германската војска навлегла во Австрија. За време на војната, Австрија била во составот на Силите на оската, кои повторно доживеале пораз.
По војната, во 1955 година, Австрија прогласила независност.
Најнова историја
Австрија од 1 јануари 1995 година е членка на ЕУ. Таа е федеративна полупретседателска република, на чиј врв стои претседател. Парламентот се состои од Национален совет и Федерален совет.
Географија и клима
Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад.
Површината на Австрија изнесува 84.000 км2 и според неа се наоѓа на 112 место во светот.
Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта. Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска.
Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.
Политички систем
По своето државно уредување Австрија е република, а нејзин главен град е Виена.
Административна поделба
Австрија е федерална држава сочинета од девет сојузни покраини (). Секоја покраина има собрание (), покраинска влада () и управник (). Изборите се одржуваат на секои пет години (шест во Горна Австрија). Управникот се гласа во собранието. Виена е посебен случај, каде градскиот совет и градоначалникот воедно имаат улога на покраинска управа.
Покраините во Австрија, подредени по азбучен ред, се следниве: Грб Сојузна покраина Главен град Македонски Германски 30п Градиште Ајзенштат 40п Виена — 30п Горна Австрија Линц 30п Долна Австрија Санкт Пелтен 30п Корушка Клагенфурт 30п Предарлска Брегенц 30п Салцбург Салцбург 30п Тирол Инсбрук 30п Штаерска Грац
Население, јазик и религија
Население Австрија е главно населена со Австријци. Тоа е народ од германската група народи. Освен нив, живеат Чеси и Унгарци, а во областа Корушка и Штаерска живеат голем број Словенци и Хрвати. Австрија има 8.356.707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км2. Главниот град Виена со 1.631.082 жители е најголемиот град во земјата.
Религија
христијани - 6.745.560 муслимани - 453.060 без вера - 1.132.650 будисти - 16.780 Евреи - 16.780 останати - 8.390
Австрија во голема мера била под влијание на протестантската реформација, при кое мнозинство од населението станало протестантско. Но со почетокот на контрареформацијата, католицизмот повторно станал како доминантна религија. Значајната еврејска популација (околу 200.000 во 1938 година), која главно престојувала во Виена, била сведена на само неколку илјади во текот на масовната емиграција во 1938 (повеќе од 2/3 емигрирале од 1938 до 1941 година) и по Холокаустот за време на нацистичкиот режим. Имиграција во последниве години, главно од Турција и поранешна Југославија, довела до зголемување на бројот на муслиманите и православните христијани.
Меѓу повеќето религии, како најзастапна во Австрија е Римокатоличката. Според пописот од 2001 година, 73,6% од населението на земјата се христијани. Според податоци од крајот на 2005 година бројот на верници на Римокатоличката црква е околу 5.663.000 членови или 68,5% од вкупната популација на Австрија Бројот на верници од Лутеранската црква е околу 5.7% од вкупниот број на верници. Поголемиот број Лутеранци живеат во провинцијата Корушка, Јужна Австрија. Во меѓувреме, бројот на муслиманите е во пораст, со 4,2%. Постојат и помали заедници на хиндуисти, будисти и Евреи итн.
Стопанство
Табела 1: Годишни реални стапки на растеж на БДП во Австрија (1990-2013)Eurostat (пристапено на 20 септември 2017) 1990-1998 1999-2007 2008-2013 1990-2013 ЕУ 2,5% -0,1% 1,7% Австрија 2,7% 2,6% 0,7% 2,1%
Култура
Заради својатата богата култура во сите домени на творештвото, Австрија е исклучително ценета и почитувана во светот, всушност таа претставува една од позначајните бази и основи за развојот на европското и светското творештво. Австрија, во минатото Австроунгарија, е средноевропско подрачје, кое благодарение и на опкружувањата: Италија, Чешка, Германија, создала специфична култура и уметност која е една од главните показатели, инспирации и школи во светската уметност и култура, а особен е нејзиниот придонес во музиката, книжевноста, архитектурата, сликарството.
Музика
Виенската музичка школа и нејзините реализации, дела, творештво се најзначајните во светската музикчка литература. Виена бил и е важен центар за музички иновации која постојано се надградува, збогатува, создавајќи бројни впечатливи правци и музички движења. Особен развој на музичкиот израз, бил во периодот од 18-от и XIX век кога композиторите биле привлечени кон градот поради покровителство на Хабсбурзите. Виена го започнала својот раст како културен центар во почетокот на 16 век, уште отогаш особено фокусирана врз музичкиот израз. За време на барокниот период, словенските и унгарските народни форми влијаеле врз австриската музика. Големата виенска музичка школа, својата прва позначајна епоха ја започнува во време на класицизмот со основоположниците и најзначајните нејзини претставници: Јозеф Хајдн, Волфганг Амадеус Моцарт, Лудвиг ван Бетовен, Франц Шуберт (роден во Виена), Јохан Штраус II... Покрај ова, значаен придонес во развојот на музиката, имале и институциите со богата традиција и висок професионализам. Светски познатите: Виенска филхармонија, Виенска опера, Бург театар....
Некои поважни композитори на славната виенска школаAustrian Composers of Classical Music: Јозеф Хајдн, 1732 - 1809 Михаел Хајдн, 1737 - 1806 Франц Антон Хофмајстер, 1754–1812 Антонио Салиери, 1750 – 1825 Леополд Моцарт, 1719 - 1787 Волфганг Амадеус Моцарт, 1756–179 Франц Шуберт, 1797–1828 Кристоф Вилибалд Глук, 1714 – 1787 Лудвиг ван Бетовен, 1770 – 1827 Франц Лист, 1811 - 1886 Густав Малер, 186о - 1911 Арлонд Шенберг, 1874–1951 Макс Штајнер, 1888–1971 Јохан Штраус, 1809–1849 Јохан Штраус Помладиот, 1825–1899 Јозеф Штраус, 1827–1870 Франц Супе, 1819-1895 Јоханес Брамс, 1833 – 1897 Антон Брукнер, 1824 - 1896 Антон Веберн, 1883–1945 Албан Берг, 1885 - 1935 Хуго Волф, 1860 – 1903 Антон Веберн, 1883 -1945 Александер вон Землински, 1871–1942 Фриц Крајслер, 1875 - 1962 Георг Лигети, 1923–2006
Диригенти Херберт фон Карајан, 1908 - 1989 Карл Бем, 1894 - 1981 Ерих Клејбер, 1890 - 1956 Бруно Валтер, 1876 - 1962 Николаус Хорнокурт , 1929 – 2016 Рене Клеменчич, 1928 –
Книжевност