Татјана Романовна Лебедева (руски:Татьяна Романовна Лебедева, родена на 21 јули 1976 во Стерлитамак) е руска атлетичарка која се натпреварува во техничките дисциплини скок во далечина и трискок.
Кариерата ја започнала во 1998 година, кога станала и шампион на Русија во трискок. Во 2000, на Европското првенство во сала одржано во Гент го освоила златниот медал. На светското првенство во Едмонтон во 2001, Татјана го освои златниот медал во трискок, а златото го одбрани и на светското првенство во Париз во 2003. На светското првенство во сала одржано во Москва во 2004, таа прескокна 15,36m со што постави нов светски рекорд во сала во дисциплината трискок.
На Летните олимписки игри - 2004 одржани во Атина, Татјана го освои златниот медал во скок во далечина, но како голема фаворитка целосно потфрли во дисциплината трискок.
Во 2005, Лебедева не настапи на светското пвенство поради повреда, но успеа да победи на сите 6 митинзи од Златната лига со што доби награди вредна злато во вредност од 1,000,000$.
Во 2007, Татјана настапи на светското првенство каде што го освои златниот медал во скок во далечина и сребрениот во трискок.
На Летните олимписки игри - 2008, таа настапи во дисциплините трискок во која го освои сребрениот медал и во скок во далечина каде имаше исто остварување.
Во септември 2002, Татјана стана мајка, со раѓањето на ќерка и Настја.
Надворешни врски Слики на Татјана Лебедева
Категорија:Руски атлетичарки Категорија:Освојувачи на олимписки медали Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1976 година