Арсен Венгер РБИ (роден 22 октомври 1949 во Стразбур) — француски фудбалски менаџер, кој е на чело на Арсенал (1996-2018). Тој е најуспешниот менаџер во историјата на Арсенал, според бројот на трофеи, како и менаџер со најголем стаж во Арсенал според бројот на натпревари (755 заклучно со 7 март 2010).Според времето на чело на Арсенал, Џорџ Алисон со неговите 13 години во Арсенал меѓу 1934 и 1947 е повеќе од 11½ на Венгер (заклучно со март 2008), но Алисон го опфати и периодот на Втора светска војна, кога не се играше официјален фудбал, затоа Венгер има повеќе натпревари. Венгер е единствениот не британски менаџер кој освоил Двојна Круна во Англија, во 1998 и 2002. Во сезоната 2003-04, стана единствениот менаџер од Премиер Лигата кој ја завршил сезоната без пораз. Венгер е општо прифатен како еден од најдобрите менаџери во светот поради неговите успеси со ФК АС Монако и Арсенал. Венгер е дипломиран инженер и магистер по економија од Стразбуршкиот универзитет и течно говори француски, алзашки, германски и англиски; исто така говори и малку италијански, шпански и јапонски.
Личен живот Роден во Стразбур, израснат во блиското село Дутленхајм живеејќи со татко му Алфонс Венгер, мајка му Луиз и постари сестра и брат. Неговите родители биле сопственици на бизнис за резервни автомобилски делови во Стразбур, како и бистро во Дутленхајм наречено Златниот крст (La croix d'Or). Голем дел од својата младост ја поминал во играње фудбал, и организирање на натпревари во локалниот тим ФК Дутленхајм, каде што станал член на првиот тим на 16 годишна возраст од каде што бил регрутиран во тимот AС Муциг. Венгер има сопруга и ќерка и живее во Тотериџ, Лондон.
Кариера како играч Фудбалерската кариера на Венгер била релативно незабележителна. Настапувал како дефанзивец за неколку аматерски клубови додека студирал на Економскиот факултет во Стразбур, дел од Универзитетот Роберт Шуман, каде што магистрирал во 1971. Венгер станал професионален фудбалер во 1978, и дебитирал за Расинг Клуб де Стразбур на натпреварот против Монако . Имал само дванаесет настапи за тимот, вклучително и два во сезоната кога Стразбур ја освоил Француската 1 Лига во сезоната 1978-79, и имал еден настап во Купот на УЕФА истата сезона. Во 1981, ја добил менаџерската диплома, и бил назначен за тренер на младинскиот состав.
Менаџерска кариера 150px|right|thumb|Венгер и се заблагодарува на публиката на последниот натпревар од сезоната 2006-07. 1 мај 2007 Прв тим во кој Венгер доби работа како менаџер, во 1984, беше Нанси, но таму имаше многу слаб успех: во неговата трета и последна сезона во клубот, Нанси заврши на 19 место и испаднаа од 1 Лига. Неговата кариера процвета откако стана менаџер на АС Монако во 1987. Ја освои лигата во 1988 (неговата прва сезона во клубот) како и Францускиот куп во 1991, и потпиша неколку познати играчи како Глен Ходл, Жорж Веа и Јурген Клинсман. Исто така го потпиша и 23 годишниот Јури Џоркаеф од Стразбур; идниот освојувач на Светското Првенствоner заврши како најдобар стрелец во 1 Лига (со 20 голови) во последната сезона на Венгер во Франција. Венгер одби понуди од Баерн Минхен и од Француската репрезентација од лојалност кон Монако, но беше отпуштен по слабиот старт на сезоната 1994-95.http://au.sports.yahoo.com/060926/3/wkn2.html
Потоа се пресели во Јапонија, каде што имаше успешни 18 месеци во јапонскиот прволигаш Нагоја Грампус Ејт, со кого го освои Купот на Императорот. Исто така го однесе клубот од дното на табелата до втората позиција во лигата. Во Грампус, го вработи поранешниот менаџер на Валансјен Боро Приморац како помошник. Венгер го имаше запознаено Приморац за време на скандалот со местење натпревари од 1993 во кој беше вмешан и Олимпик Марсеј; тој остана „десната рака на Венгер“ во понатамошните години.
Во меѓувреме Венгер се спријатели со тогашниот заменик-претседател на Арсенал Дејвид Дејн. Двајцата се сретнаа кога Венгер присуствуваше на натпревар помеѓу Арсенал и Квинс Парк Рејнџерс во 1988. Откако Брус Риох беше отпуштен во август 1996, Жерар Улие, тогашниот технички директор на Француската Фудбалска Федерација, му го препорача Венгер на Дејвид Дејн летото 1996. Арсенал го потврдија неговиот ангажман на 28 септември 1996, официјално стана менаџер на Арсенал на 1 октомври. Венгер стана првиот менаџер на Арсенал кој не е по потекло од Британија. Иако претходно бил сметан за потенцијален технички директор на ФА, во тоа време Венгер беше релативно непознат во Англија.
Дури и пред официјално да ја прифати работата, Венгер започна со оформувањето на составот. На негово барање беа купени Французите Патрик Виера и Реми Гард еден месец пред тој да пристигне во Лондон. Прв натпревар под негово водство беше победа од 2:0 на гостувањето кај Блекбурн Роверс на 12 октомври 1996. Арсенал заврши на трето место таа сезона, за малку го пропуштија второ место (заземено од Њукасл поради подобра гол разлика), а со тоа и излез во квалификациите за Лигата на Шампиони.
Во неговата втора сезона на чело (1997-98), Арсенал ги освои и Премиер Лигата и ФА Купот, втора Двојна Круна во историјата на клубот; до ова дојде откако Арсенал надомести дефицит од дванаесет бода во однос на Манчестер Јунајтед и ја освои титулата на два натпревари пред крајот на сезоната. Клучни во овој успех беше одбраната која се состоеше од Тони Адамс, Стив Булд, Најџел Винтербрн, Ли Диксон и Мартин Кион, заедно со напаѓачот Денис Беркамп како и мешавина од новите играчи донесени од Венгер, Емануел Пети како партнер на Патрик Виера, крилото Марк Овермарс и тинејџерот Николас Ањелка.
Следните неколку сезони беа релативно сушни, со неколку шанси но без трофеи. Во сезоната 1998-99, Арсенал ја загуби титулата од Манчестер Јунајтед за само еден бод на крајот од сезоната. Јунајтед исто така го исфрли Арсенал во судиското продолжение на полуфиналето од ФА Купот. По ова следуваше пораз во финалето на Купот на УЕФА во 2000 до Галатасарај на пенали и во финалето на ФА Купот во 2001 од Ливерпул со 2:1. Венгер се одлучи да донесе неколку нови играчи во составот, вклучително и контроверзниот трансфер на Сол Кембел од Тотенхем, како и првотимците Фредерик Љунберг, Тјери Анри и Робер Пирес.
Новите играчи му помогнаа на Арсенал и на Венгер да освои уште една Двојна Круна, во сезоната 2001-02. Титулата беше доделена на две кола пред крајот на сезоната, по завршувањето на натпреварот со Манчестер Јунајтед кој Арсенал го доби со 1:0. За овој натпревар се вели дека Арсенал едноставно го надиграа составот на Јунајтед. Арсенал ја помина целата сезона без ниеден пораз на гости, како и со постигнат гол на секој натпревар. Двојната Круна беше обезбедена со победата над Челзи од 2:0 со головите на Реј Парлоу и Фреди Љунберг.
По силниот старт на сезоната 2002-03, се чинеше дека Арсенал ќе ја одбранат титулата. Во еден дел од сезоната Арсенал имаше предност од осум бода пред евентуалниот победник, Манчестер Јунајтед, но поради пад во формата Арсенал беше поминат од Јунајтед во крајот на сезоната. Арсенал испушти предност од два гола на натпревар против Болтон Вандерерс кој заврши 2:2, а титулата ја загубија на Хајбери против Лидс Јунајтед.
Сепак Арсенал не остана без титула таа сезона, откако го освоија ФА Купот во 2003. Во следната сезона, 2003-04, Арсенал влезе во историјата на Англискиот фудбал откако ја освоија титулата без ниту еден пораз, прв тим од највисоката лига во Англија, по Престон Норт Енд во сезоната 1888-89, на кој му успеал овој потфат. За време на таа сезона Венгер беше толку зафатен што никогаш немал време ни за ручек. Претходната година, Венгер беше исмеван поради изјавата дека освојување е возможно Арсенал да поминат цела сезона без ниту еден пораз.Изјавата на Венгер беше: „Не е невозможно. Знам дека ќе биде тешко за нас да ја поминеме сезоната без пораз. Но ако имаме правилен став, возможно е и ќе го направиме." From:
Со уште еден трофеј во ФА Купот во 2005, Арсенал имаат освоено три титули во Премиер Лигата и четири ФА Купови под водство на Венгер, со што тој стана најуспешниот менаџер на Арсенал според бројот на трофеи. Сепак, сè уште ја нема освоено титулата во Лигата на Шампионите; Арсенал беше блиску до овој трофеј кога стигнаа до финалето во сезоната 2005-06, првпат во клупската историја, но загубија со 2:1 од Барселона.
Во октомври 2004, потпиша продолжување на неговиот договор според кое требаше да остане во Арсенал до сезоната 2007-08. Тогашниот заменик-претседател Дејвид Дејн изјави дека Венгер има „работа доживотно“ во Арсенал, и дека планирал да му понуди на Венгер место во одборот откако ќе се пензионира од менаџерската позиција. Иднината на Венгер како менаџер на Арсенал беше ставена под знак прашалник кога Дејн го напушти одборот на 18 април 2007. Сепак на 6 септември 2007, Венгер потпиша нов тригодишен договор со Арсенал. Се претпоставува дека договорот вреди 4 милиони фунти годишно.
Пристап и филозофија thumb|Венгер во 2008. Најчест опис за Венгер е дека тој е тренер кој „ја поминал целата своја кариера создавал тимови кои ја комбинираат желбата за трофеи со потребата за забавен напаѓачки фудбал", и како "пуританец, кој е посветен на поединечен и колективен технички квалитет“. Тајмс забележа дека од сезоната 2003-04 пристапот на Венгер кон играта се фокусира на нападот. Неговиот стил на игра беше тотално спротивен од прагматичниот приод на неговите соперници, но беше и критикуван поради недостаток на „убиствен допир“. Иако Венгер со години ја употребуваше формацијата 4-4-2, од 2005 често зависеше на формацијата 4-5-1 со осамен напаѓач и полна средина, особено по преселбата на поширокиот терен на Ешбертон, и на натпреварите од Лигата на Шампиони.
Венгер има голема репутација за откривање на млади таленти. Во Монако, го донесе Либерианецот Жорж Веа, кој подоцна стана Играч на Годината во Милан, од Камерунскиот клуб Тонер Јаунде. Откако е во Арсенал, Венгер потпишува млади, релативно непознати играчи како Патрик Виера, Францеск Фабрегас, Робин Ван Перси и Коло Туре, и им помогна во нивната транзиција во играчи од светска класа. Пример за ова е одбраната на Арсенал која постави рекорд од десет последователни натпревари без примен гол на пат кон финалето на Лигата на Шампионите во сезоната 2005-06, го чинеше Арсенал помалку од 5 милиони фунти.
Иако Венгер има направено и неколку големи трансфери за Арсенал, но неговиот вкупен потрошувачки биланс е поволен, споредено со другите водечки клубови од Премиер Лигата; анкета од 2007 покажа дека тој е единствен менаџер од Премиер Лигата кој имал профит од трансферите, и според Питер Хил Вуд, претседателот на Арсенал, „Арсен, откако е во Арсенал, на трансфери во основа има потрошено 4 до 5 милиони годишно." Пример вреден за споменување е Николас Ањелка кој беше купен од Париз Сент Жермен за само 500000 фунти а по само две години беше продаден во Реал Мадрид за 22,3 милиони фунти. Со тие пари беа купени тројца нови играчи — Тјери Анри, Робер Пирес и Силвиан Вилтор. Сите тројца играа голема улога во освојувањето на Двојната Круна во сезоната 2001-02 и во титулата од сезоната 2003-04.
Покрај носењето на млади и релативно непознати таленти во клубот, Венгер има придонесено и за обновувањето на кариерите на неколку од играчите ветерани. Денис Беркамп, кој беше купен една година пред доаѓањето на Венгер, го достигна врвот на својата кариера под раководството на Венгер. Тој исто така придонесе во издигањето на еден од неговите штитеници во Монако, Тјери Анри, до играч од светска класа, како и капитен и најдобар стрелец во историјата на Арсенал.