Коста Пеев (Струмица, ) — македонски славист и македонист, дијалектолог и специјалист за дијалектите на македонскиот јазик од егејскиот дел на Македонија.

Животопис

Професор Коста Пеев е дијалектолог и македонист. Роден е во Струмица. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1956-1960). Својата научна дејност ја започнал во 1963 година, кога бил избран за асистент во Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во одделението за дијалектологија во Скопје. Во 80- те години, тој зел учество во меѓународен проект за создавање на Сесловенски лингвистички атлас,а потоа и на: Карпатски дијалектолошки атлас и Европски лингвистички атлас. Како редовен професор (1989) по предметот Дијалектологија на македонскиот јазик на Филолошкиот факултет во два мандата е шеф на Катедрата за македонски јазик. Соработник е на меѓународните проекти ОЛА, ОКДА, ЕЛА.

Автор е на шеесетина лингвистички статии и на дијактелочки речник. Својот обемен архив од скапоцени етнолошки и лингвистички материјали го подарил на Институтот за етнологија и антропологија.

Професор Коста Пеев е носител на наградите „Гоце Делчев“, државната награда за образование „Свети Климент Охридски“, како и добитник на високото државно признание – Медал за заслуги за Македонија.

Дела

„Речник на македонските дијалекти од југоисточниот дел на Егејска Македонија“ „Кукушкиот говор“ (1988 и 1989) „Дојрански дијалект“ (1979) Раскази за бегалците од Кукуш, записи за дијалекти и речник.

Наводи

Надворешни врски

Промовиран 6. том од Речникот на македонските говори во Југоисточниот егејски дел од Коста Пеев

Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски слависти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски македонисти Категорија:Југословенски слависти Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Професори од Струмица Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Носители на Медалот за заслуги за Македонија Категорија:Добитници на наградата „Гоце Делчев“ Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“