Чарли Шин — наградуван американски глумец.

Кратка биографија Роден е на година во Њујорк. Вистинското име му е Карлос Ирвин Естевез. Син е на познатиот глумец Мартин Шин и брат на Емилио Естевез.

Бил избркан од гимназија заради лошо однесување и слаби оценки на само една недела пред матурирањето иако бил главна ѕвезда на училишниот бејзбол тим.

Првиот аматерски филм го снимил уште како средношколец заедно со двајца школски другари, Роб Лоу и Шон Пен.

На почетокот на кариерата остварува неколку позабележителни улоги, меѓутоа со статус на ѕвезда се здобива по улогата на војникот Крис во филмскиот хит на Оливер Стоун „Вод“ во 1987 година.

Настапува и во следниот голем хит на Оливер Стоун, „Волстрит“, заедно со Мајкл Даглас.

На екипата на „Лудиот град“ ѝ се придружил на почетокот на петтата сезона и настапува во улогата за заменик-градоначалникот Чарли Крафорд, а моментално ја снима серијата Два и пол мажи

Надворешни врски

Charlie Sheen Bio at CBS - Two and a Half Men

Категорија:Американски глумци Категорија:Родени во 1965 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на Златен глобус