мини|Банка во Англија, Лондон, Англија мини|Рецесиите означени како сиви вертикални линии Во економијата, поимот рецесија е генерално забавување на економската активност во една земја за определен временски период, или намалување на деловниот циклус. За време на рецесија многу макроекономски индикатори варираат на сличен начин. Продуктивноста мерена преку Бруто-домашниот производ (БДП), вработувањата, инвестициите, искористувањата на капацитетите, приходите во домаќинствата и профитите на бизнисите се намалуваат за време на рецесија.
Обично, владите преземаат активности против рецесијата преку усвојување на експанзивни макроекономски политики, како што се зголемување на парите во оптек, зголемување на владиното трошење и намалување на даноците.
Идентификување
Во 1975 година во една статија издадена од „Њујорк Тајмс“, економскиот статистичар Јулиус Шискин (Julius Shiskin) навел неколку економски индикатори кои ја идентификуваат рецесијата. Овие индикатори го вклучувале правилото на „две последователни квартални опаѓања на БДП“. Со текот на времето, другите правила биле главно заборавени и сега рецесијата е често дефинирана како период кога БДП на една земја опаѓа (негативен реален економски раст) во најмалку два квартали. Некои економисти сметаат дека е потребна поопширна дефиниција за рецесија, односно дека рецесија се случува кога невработеноста ќе се зголеми за 1,5% во период од 12 месеци.
Во САД, Одборот за следење на бизнис циклусот кој е во рамките на Националното биро за економско истражување (НБЕИ) се смета за служба која се занимава со следење на рецесијата во САД. НБЕИ ја дефинира економската рецесија како: значителен пад на економската активност во целата земја, кој трае повеќе месеци, особено видлив кај растот на реалниот БДП, реалниот личен приход, вработувањата (без фармерските платни списоци), индустриското производство и големо и малопродажбите. Во голема мера, академиците,економистите, творците на политики и деловната заедница се потпираат врз тврдењата на НДЕИ за прецизно утврдување на почетокот и крајот на рецесијата.
Особености
Рецесијата има многу особини кои може да се појават истовремено и може да вклучуваат опаѓања во слични мерки на активност како што се вработувањата, инвестициите и профитите на корпорациите.
Тешката (БДП под 10%) или продолжена (за три до четири години) рецесија се нарекува економска депресија, и покрај тоа што некои сметаат дека нивните причинители и мерки за закрепнување може да бидат различни.http://clubtroppo.com.au/2008/11/23/what-is-the-difference-between-a-recession-and-a-depression/ "What is the difference between a recession and a depression?" Saul Eslake, Nov 2008
Индикатори на рецесијата
И покрај тоа што не постојат целосно доверливи предвидувачи на рецесија, сепак следниве се сметаат за можни.
Во САД честопати пред почетокот на секоја рецесија претходеле значителни падови на берзанскиот пазар. Сепак, половина од падовите за 10% или повеќе не биле проследени со рецесии.Jeremy Siegel, Stocks for the Long Run Во околу 50% од случаите, значителен пад на берзанскиот пазар се случил по почетокот на рецесијата. Обратната крива на приходи Grading Bonds on Inverted Curve By Michael Hudson (настанува кога приходите на долг рок паѓаат под приходите на краток рок), модел разработен од економистот Џонатан Х. Рајт (Jonathan H. Wright), ги користи приходите од 10-годишните и три0месечните хартии од вредност на Државната благајна како и стапката на тековните неодамнешни фондови на Федералните резерви.Wright, Jonathan H., The Yield Curve and Predicting Recessions (March 2006). FEDs Working Paper No. 2006-7. Друг модел, развиен од економистите од Банката на федералните резерви на Њујорк, го користи само 10 годишниот/три месечниот опсег. Сепак, тој не е дефинитивен показател, и понекогаш по него следи рецесија. Три месечната промена во стапката на невработеност и почетните изјави за невработеноста.Labor Model Predicts Lower Recession Odds Индексот на водечките (економски) индикатори (ги вклучува некои од горенаведените индикатори).Leading Economic Indicators Suggest U.S. In Recession 21 јануари 2008
Владини мерки
Повеќето традиционални економисти сметаат дека рецесиите се предизвикани од недоволна агрегатна побарувачка во економијата и го фаворизираат користењето на експанзивната макроекономска политика за време на рецесија. Стратегиите кои се фаворизираат за закрепнување на економијата од рецесија, зависат од тоа на која економска школа и припаѓаат творците на политиките. Монетарците би ја фаворизирале примената на експанзивната економска политика, додека Кејнезијанските економисти би се залагале за зголемено владино трошење со цел да се поттикне економскиот раст. Економистите кои се на страната на понудата, може да предложат намалување на даноците со цел да се промовира капиталното инвестирање во бизниси. Лесе фер ориентираните економисти (*Laissez-faire - е доктрина која тврди дека генерално владата не би требало да интервенира на пазарот) може едноставно да дадат препорака до Владата да не се меша во природните пазарни сили.
Берзанскиот пазар и рецесиите
Кај некои рецесии се очекувало да дојде до берзански пад. Во книгата „Долгорочни акции“ (Stocks for the Long Run), Сигел (Siegel) пишува дека почнувајќи од 1948 година, на десет рецесии им претходел берзански пад, во период од 0 до 13 месеци (просечно 5.7 месеци), додека десет берзански падови со повеќе од 10% според ДЏИИ (Доу Џонс Индустриски Индекс) не биле проследени со рецесијаSiegel, Jeremy J. (2002). Stocks for the Long Run: The Definitive Guide to Financial Market Returns and Long-Term Investment Strategies, 3rd, New York: McGraw-Hill, 388. ISBN 978-0-07-137048-6.
Обично пред рецесија, слабее и пазарот на недвижниниHousing Has A Strong Correlation To Stocks Chris Ciovacco, 19 септември 2006. Сепак, опаѓањето на недвижнините може да трае и подолго од рецесијата.
Поради тоа што е многу тешко да се предвиди бизнис циклусот, Сигел тврди дека не е можно да се искористат економските циклуси за временско определување на инвестициите. Дури и на Националното Биро за Економско Истражување (НБЕИ) му се потребни неколку месеци за да утврди дали дошло до пораст или до опаѓање во САД.Recession Predictions and Investment Decisions by Allan Sloan, 11 декември 2007
За време на намалувањето на економската активност, високо доходовните акции (* се акции чиј дивиденден приход е поголем од кој било насочен просек на друга акција) како оние на брзо движечките потрошувачки добра (* производи кои се распродаваат брзо по релативно ниски цени), фармацевтските производи и производите направени од тутун се држат подоброRecession? Where to put your money now. Shawn Tully, February 6 2008. Сепак, кога економијата ќе почне да закрепнува и кога ќе го надмине дното на пазарот ( понекогаш обележувано на графиконите како МАЦД ) растечките акции побрзо закрепнуваат. Постои големо несогласување околу тоа како здравството и јавните претпријатија успеваат да закрепнатRethinking Recession-Proof Stocks Joshua Lipton 01.28.08. Распространувањето на портфолиото на меѓународните пазари може да обезбеди некаква сигурност, сепак економиите кои се тесно поврзани со американската економија можат исто така што бидат засегнати од рецесијата во САД.Recession Stock Picks Douglas Cohen, 18 јануари 2008
Постои гледиште кое е наречено правило на половина патhttp://online.wsj.com/article/SB122635740974515379.html NOVEMBER 11, 2008 Recession Puts Halfway Rule to the Test, By DAVID GAFFEN, врз основа на кое инвеститорите го намалуваат закрепнувањето на економијата за половина во време на рецесија. Просечното траење на 16-те американски рецесии почнувајќи од 1919 година, било 13 месеци, и покрај тоа што неодамнешните рецесии биле пократки. Така, ако рецесијата од 2008 година го следи овој просек, падот на берзанските пазари би бил на најниско ниво околу ноември 2008 година.
Рецесијата и политиката
Главно, администрацијата добива позитивни бодови или обвинувања за економската состојба во време на рецесија.Economy puts Republicans at risk 29 јануари 2008 Ова предизвикува несогласувања околу тоа кога всушност рецесијата почнала.The Bush Recession Prepared by: Democrat staff, Senate Budget Committee,31 јули 2003 Во еден економски циклус, опаѓањето може да се смета за последица од експанзијата која достигнува неодржлива состојба, а се коригира преку кратко опаѓање. Така, не е лесно да се изолираат причините за специфичните фази на циклусот.
Рецесијата од 1981 година се смета дека е предизвикана од политиката на стегнати пари усвоена од Пол Вокер (Paul Volcker), управник на Одборот на Федералните резерви, пред Роналд Реган да стане претседател. Реган ја поддржувал таа политика. Економистот Волтер Хелер (Walter Heller), претседавач со Советот на Економски советници во 1960-тите години ја нарече „Реган-Вокер-Картерова рецесија“.Ready for a Real Downer Monday, Nov. 23, 1981 By GEORGE J. CHURCH Сепак, резултатот од скротувањето на инфлацијата ја постави основата за интензивен пораст во периодот на Регановата администрација. мини|FFR ризници Генерално, се претпоставува дека владината активност има влијание врз присуството или степенот на рецесија. Економистите обично тврдат дека до одреден степен рецесијата е неизбежна, и нејзините причинители не се многу разбирливи. Како резултат на ова, администрациите на актуелните влади се обидуваат да преземат чекори, кои исто така не се усогласени, за да ја ублажат рецесијата. Честопати тие обиди се неуспешни, барем што се однесува до спречување на рецесијата, и тешко е да се одреди дали тие всушност ја направиле помалку тешка или подолготрајна.
Историја на рецесиите Глобални рецесии
Не постои општо прифатена дефиниција за глобална рецесија, според ММФ периодите кои се проследени со помалку од 3% глобален раст претставуваат глобални рецесии.The Recession that Almost Was. Kenneth Rogoff, International Monetary Fund, Financial Times, 5 април 2002 ММФ проценува дека глобалните рецесии се појавуваат во циклус кој трае од 8 до 10 години. За време на она што ММФ го дефинира како минати три глобални рецесии во последните три децении, глобалниот раст на производство по глава на жител било нула или било негативно.Global Recession Risk Grows as U.S. `Damage' Spreads
Економистите од Меѓународниот Монетарен Фонд (ММФ) изјавуваат дека глобалната рецесија би го намалила глобалниот пораст за три или повеќе проценти. Според оваа мерка, се квалификуваат три периоди почнувајќи од 1985 година: 1990-1993 година, 1998 година и 2001-2002 година.
Рецесии во Обединетото Кралство
Рецесии во Соединетите Американски Држави
Според економистите, почнувајќи од 1854 година, САД поминале низ 32 циклуси на експанзии и контракции, просечно 17 месеци на контракција и 38 месеци на експанзија. Сепак, од 1980 година наваму имало само осум периоди на негативен економски раст во текот на еден или повеќе фискални квартали , и четири периоди се сметале за рецесии:
Јули 1981 година - ноември 1982 година: 14 месеци Јули 1990 година - март 1991 година: 8 месеци Март 2001 година - ноември 2001 година: 8 месеци Декември 2007 - до денес: актуелна
Што се однесува до минатите три рецесии, одлуката на НБЕИ приближно беше во согласност со дефиницијата, која вклучува два последователни квартали на опаѓање. Сепак, рецесијата од 2001 година не вклучуваше два последователни квартали на опаѓање, на неа и претходеа два квартали на наизменични падови и слаб раст.
Актуелни рецесии во некои земји
Подетални информации: Голема рецесија
Официјалните економски податоци покажуваат дека значителен број на земји се во рецесија од почетокот на 2009 година. САД влезе во рецесија на крајот од 2007 година, и во 2008 година многу други нации го проследија истиот тренд.
Соединетите Американски Држави
Исправката на американскиот пазар за недвижности (како последица на американскиот станбен меур) и супрајмската хипотекарна криза значително придонесоа за рецесијата.