thumb|250px|Трасер изведува мачкина рамнотежа (équilibre de chat) Паркур (француски: Parkour) или познат уште како уметност на преместување (француски: l'art du déplacement) — активност, чија цел е движење од една точка до друга колку што е можно поефикасно и побрзо, користејќи ги главно способностите на човечкото тело. Со корени во воената обука за совладување пречки и боречките вештини, паркурот вклучува премет, трчање, качување, нишање, скокање со прескок, скокање, плиометрија, колут и што и да е соодветно за дадена ситуација. Целта му е да му помогне на поединецот да надмине пречки, кои би можело да бидат што било што се наоѓа во неговото околно опкружување, од гранки и камења до шини и бетонски ѕидови, и може да се вежба и во селски и во градски области. Оние што вежбаат паркур се нарекуваат трасери, или трасерки за жени.
Основан од Давид Беле и група другари во Франција, паркурот се насочува на вежбање на ефикасни движења со цел да се развие телото и умот на оној што го практикува со цел да надмине можни пречки во итен случај.
Поврзано
Слободно искачување - стил на искачување без вештачки помагала. Слободно трчање Јамакаши - група основана од Јан Хнаутра, Давид Беле, Лоран Пиемонтеси и Чау Бел Дин 3 години пред паркур со нагласок на стилот, течноста и слободата. Исто така е филм од 2001 година.
Наводи
Категорија:Вежбовна физиологија * Категорија:Суб-култури Категорија:Галицизми