„Не сум таму“ (англиски I'm Not There) е биографски филм од 2007, инспириран од легендарниот пејач и текстописец Боб Дилан, а режиран од Тод Хејнз. Филмот презентира шест различни нивоа на животот на Дилан и неговата јавна личност. Неговиот лик го толкува ансамбл од глумци: Маркус Карл Френклин, Бен Вишо, Хит Леџер, Кристијан Бејл, Ричард Гир и Кејт Бланчет, кои играат ликови засновани на Дилан, но со различни имиња.
Филмот ја раскажува приказната користејќи нетрадиционални техники, слични на поетскиот наративен стил на Боб Дилан. Своето име филмот го добива од истоимената песна на Боб Дилан од 1967, која не била објавена сè до овој филм. Прифатен од критиката, „Не сум таму“ се најде на многу топ списоци на филмови за 2007.
Сиже Филмот се отвора со Боб Дилан кој се качува на сцена за да свири. Кадарот се префрла на Дилан како доживува сообраќајна несреќа на мотор, што се случило во 1966 и завршува на аутопсиска маса.
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Тод Хејнз Категорија:Филмови со Џит Леџер Категорија:Филмови со Бен Вишо Категорија:Филмови со Кристијан Бејл Категорија:Филмови со Ричард Гир Категорија:Филмови со Јект Бланчет Категорија:Филмови за музичари Категорија:Биографски филмови