Адамстаун (англ. Adamstown) е единственото населено место на островската земјичка Питкерн, и така воедно е и нејзиниот главен град. Местото лежи во средиштето на северниот крајбрежен дел на островот и брои население од 50 жители - севкупното население на Питкерн. Адамстаун го држи рекордот за најмал главен град на светот, но сепак има пристап кон сателитска телевизија (само бесплатни канали), сателитски интернет и сателитски телефон.
Меѓутоа претежно контакти се одржуваат преку радиостаница. Градот е местото каде највеќето жители јадат и спијат, додека работата главно им се состои од берење овошје и лов по храна во другите предели на островот.
Галерија
Белешки Површина на островот Питкерн.
Надворешни врски
Туристички водич на Адамстаун на Travellerspoint
Категорија:Питкерн Адамстаун Категорија:Британски главни градови Категорија:Населени места основани во 1790 година