125px|right|Генски локуси на 2 човечки хромозом. Вториот човечки хромозом или хромозомот 2 е еден од 23 пара на хромозоми кај луѓето. Луѓето обично имаат по две копии од овој хромозом. Тој е воедно и вториот најголем хромозом во човечкиот кариотип, кој опфаќа или е составен од 237 милиони базни парови. (градбените единки на ДНК) и претставува речиси 8% од вкупната ДНК во клетките.

Бројот на гени кои се наоѓаат на овој хромозом значително варира. Најверојатно овој хромозом содржи 1491 ген, вклучувајќи го и HOXD хомеобокс генскиот збир (кластер), кој ја одредува положбата на сите делови од телото (глава, гради, екстремитети).

Еволуција

За хромозомот 2 се мисли дека е настанат по пат на соединување на два хромозома-предци.Human Chromosome 2 is a fusion of two ancestral chromosomes by Alec MacAndrew; accessed 18 мај 2006.Evidence of Common Ancestry: Human Chromosome 2 (video) 2007 Доказите за ова се:

Сличноста на хромозомот 2 со два мајмунски хромозоми. Најблискиот човечки роднина, бонобо, има скоро идентични ДНК-низи со вториот човечки хромозом, но тие се наоѓаат на два одделни хромозома. Ист е случајот и кај подалечните роднини-горилата и орангутанот.Human and Ape Chromosomes ; accessed 8 септември 2007. Присуството на вестигален центромер. Обично еден хромозом поседува само еден центромер, но хромозомот 2 се забележуваат и остатоци од втор центромер. Присуството на вестигални теломери. Овие структури најчесто се наоѓаат на краевите од секој хромозом, но кај хромозомот 2 се забележуваат додатни теломерни низи во неговиот средиштен регион.

Според горните тврдења, хромозомот 2 е силен доказ за заедничкото потекло на луѓето и останатите човеколики мајмуни.

Наводи

Категорија:Хромозоми Категорија:Човечки хромозоми Категорија:Гени на хромозомот 2