Македонци — посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Поголемиот дел од Македонците живеат во Македонија, а има значителни македонски малцинства во Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик, кој припаѓа во групата на јужнословенски јазици. Само поради јазикот, Македонците ги третираат како јужнословенски народ.Словени„Историја на македонскиот народ“, Д-р Блаже Ристовски.„Македонија, нејзините луѓе и историја“, Стојан Прибичевиќ, Македонска Книга, Скопје, 1990

Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинство. Почнувајќи од Државата на Аргеадите, потпаѓањето под Рим, контактот на Старите Македонци и останатите антички народи во Македонија со Словените, потпаѓањето на Македонија под Османлиите и подоцнежните буни на Македонците против османлиската власт, масовните вооружени востанија против Османлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941 — 1944 во Вардарскиот дел на Македонија и 1943 — 1949 во Егејскиот дел на Македонија.

Македонците се претежно православни христијани, припадници на МПЦ. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти.

Антрополошки одлики Теории за потеклото Официјален став

Официјалниот македонски став за генетскиот карактер на македонскиот народ е дека современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња што се населуваат во Македонија во VI и VII век, со месното население (Антички Македонци, Стари Грци, Тракијци, Илири, и др.)"Macedonia and the Macedonian People: The History of the Macedonian People" Blaže Ristovski. Macedonian Academy of Sciences and Arts, Skopje, 1983 стр. 6-7 Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси.„Создавање на македонската нација“, Драган Ташковски Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чиј показатели се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго.

Македонскиот народ исто така има голема историска улога во создавањето на словенската писменост. Имено, гласовниот инвентар на дијалектот на македонските Словени од околината на Солун е земен за основа на првото словенско писмо (глаголицата), а самиот дијалект издигнат до ниво на прв книжевен словенски јазик (во науката познат како старословенски), што чини Македонците да имаат извонреден придонес за општословенската и европската култура.„Македонските Словени од VI до IX век“, д-р Орде Иваноски

Постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларната од нив е тезата за директна врска меѓу античките со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население, кое и покрај преодот на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци.„Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци“, Александар Донски

Генетски истражувања Со развојот на генетика на населението во XXI век почнуваат истражувањата на македонскиот ДНК-профил. Меѓу праисториските настани наведени во набљудуваните хаплогрупи, голем е придонесот (околу 25-30%) на месните ловци-собирачи од мезолитот. Македонскиот генетски фонд носи големи траги (околу 45-50%) од проширувањето на неолитски земјоделци од Блискиот Исток. Истотака голем придонес (околу 20-25%) имаат Индоевропските популации кои се доселиле за време на бронзената доба. Според резултатите од анализата на Y-ДНК и мтДНК, Македонците припаѓаат на групата на европските народи, но се наоѓаат малку настрана од главното јато. Како најзастапена Y-хаплогрупа кај Македонците е I со околу 25-30%, втора по застапеност е E со околу 25%, а трета по застапеност е R со околу 20-25%, останатите Y-хаплогрупи се Ј со околу 15%, G со околу 5% и останатите 1-5% се T, Q, L, C и H. Генетски, денешните Македонци се потесно поврзани со соседните балкански народи (копнените Грци, Албанци, Бугари, Романци и Црногорци), отколку со другите Европејци. Forensic Science International: Genetics, Volume 5, Issue 4, Pages e108-e111, August 2011, Genetic data for 17 Y-chromosomal STR loci in Macedonians in the Republic of Macedonia, Zlatko Jakovski, Ksenija Nikolova, Renata Jankova-Ajanovska, Damir Marjanovic, Naris Pojskic, Biljana Janeska.HLA-DRB and -DQB1 polymorphism in the Macedonian population, Hristova-Dimceva et al., Tissue Antigens, Volume 55, Number 1, January 2000 , pp. 53–56(4), Publisher: Wiley-BlackwellRebala K et al. (2007), Y-STR variation among Slavs: evidence for the Slavic homeland in the middle Dnieper basin, Journal of Human Genetics, 52:406-14 . Според комбинираните ДНК истражувања со различни варијанти на тестови, конструирани врз основа на автосомна ДНК, хаплоидна ДНК, Y-ДНК и мтДНК, даваат најдобра идеја за „потеклото“ и „сличноста“ помеѓу народите. Иако Македонците се дел од словенската група, тие како и повеќето други Јужни Словени се одликуваат со доминантен генетски супстрат кој е различен од оној на Западните и Источните Словени. Овој феномен се објаснува со јазичната асимилација на побројното староседелско балканско население од средновековните словенски доселеници.Genetic Heritage of the Balto-Slavic Speaking Populations: A Synthesis of Autosomal, Mitochondrial and Y-Chromosomal Datap Alena Kushniarevich et al., September 2, 2015, Plos One, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0135820Standing at the Gateway to Europe - The Genetic Structure of Western Balkan Populations Based on Autosomal and Haploid Markers, Lejla Kovacevic et al, Plos One, August 22, 2014, http://dx.doi.org/10.1371/journal.pone.0105090Y-STR variation among Slavs: evidence for the Slavic homeland in the middle Dnieper basin, Krzysztof Rebala et al. Japan Society of Human Genetics and Springer 2007, DOI 10.1007/s10038-007-0125-6Expansions: Competition and Conquest in Europe Since the Bronze Age, Reykjavíkur Akademían, 2010, ISBN 9979992212, p. 194.

Современата машка генетска структура кај Македонците укажува на силна комбинација од палеобалканско автохтоно наследство и средновековни миграциски влијанија. Најзастапени Y-ДНК хаплогрупи се E1b-M35 (25.3%), I2a-Y3120 (23.9%), R1a (13.7%), R1b (10.0%) и Ј2 (10.7%), кои заедно опфаќаат над две третини од целокупниот машки генетски фонд.

Поголемиот дел од овие линии се претсловенски / палеобалкански или неолитско-анадолски по потекло, и претставуваат директно биолошко наследство од старите Палеобалкански популации — како Тракијците, Дакијците, Пајонците, Македонците, Дарданците, Бригите, Илирите и други сродни групи.

Од друга страна, присуството на динарската I2a-Y3120 (I2-Din), како и словенските гранки R1a-Z280 и R1a-M458, заедно со I1, Q1, H1-M82, и R2, укажува на средновековни миграции во периодот од 6 до 10 век н.е., кои дополнително го обликувале современиот генетски профил.

Овој генетски спој прикажува јасна слика на континуитет и автохтоност, засилена со постепени миграциски слоеви низ милениумите на балканската историја.

Култура мини|лево|Македонки од Смилево во 1913 година Културата на Македонците е импресионистичко-традиционалистичка. Таа е силно поврзана со родната земја и поднебјето во коешто живеат. Богатото културно наследство на Македонците доаѓа до израз во народното творештво, раскошните народни носии, украсите и орнаментите во градските и селските куќи, самиот архитектурен стил, манастирите и црквите, иконостасите, иконите, дрвозерите, книжевните дела итн.

Македонија се смета за лулката на словенската писменост и култура, а градот Охрид за Ерусалим на словенското православие. Имено во Македонија била создадена првата словенска азбука, и се направила прва кодификација на старословенскиот јазик. Солунскиот македонски дијалект се зел како основа за црковно-словенскиот јазик на кој до ден-денес се држи богослужба.

Вероисповед и религија Македонците во најголем дел се христијани и се еден од првите народи кои го примиле христијанството. Најголемото мнозниство припаѓа на православието, односно Македонците се претежно православни христијани. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците кои во најголемиот дел се унијати односно со источен (православен) обред под духовенство на папата и протестантите. Исто така, постои одреден број на атеисти. Во последно време, може да се сретнат и следбеници на агностицизмот.

Градителство и архитектура мини|181x181px|лево|Традиционален македонски дрворез.

Типичниот образец за македонската градска куќа е двокатна нискоградба со испакнат горен кат, варосана бела фасада, и црно-обоени дрвени носечки столбови и рамки за прозорци.

Селската куќа, пак, е изградена најчесто од камен, со здрава камена фасада и чардак на вториот кат.

Идентитет на Македонците thumb|right|170px|Распространетост на хеленизмот на Балканот и етничкиот состав на регионот. Македонците, иако посебен народ со своја посебна култура, поради теократскиот милетски систем се делеле на Грци и Бугари (односно таканаречените „патријаршисти“ и „егзархисти“),„Спомени“, Димитар Влахов но и во недамнешно време како Срби (види Србомани). Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, која трае до периодот меѓу двете светски војни, кога македонската самоличност добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред, и за време на Втората светска војна, кога се создаваат македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик, и се отвораат училишта, кои на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик.„Историја на Балканот“, Барбара Јелавич Сепак, со новите истражувања и отворање на ватиканските архиви се увидува дека официјален Ватикан уште во 1612 година Македонците ги признава како одделен народ, посебен од Србите и Бугарите и давал посебни стипендии за Македонци.